Мудра приказна: Скинете го јажето околу нозете!

Некој човек поминувал покрај некој циркус и видел два слона кои биле врзани со едно јаже за едната нога. Застанал и зачудено се запрашал: Како овие толку големи животни може да бидат врзани само со едно мало јаже на предната нога?

skinete-go-jazeto-okolu-nozete-01

Немало синџири, ниту кафези, само јаже кое било очигледно дека може да го скинат во секое време само ако се обидат да побегнат.

Од некоја причина тие никогаш не се обиделе тоа да го направат, а човекот бил зачуден зошто е тоа така.

За момент го забележал нивниот тренер, па тргнал да го праша зошто тие големи животни стојат тука и не се обидуваат да побегнат?

Тренерот му одговорил:

„Знаете, кога слоновите беа млади и многу помали од она што се сега, ние го користевме истото јаже со иста големина за да ги врземе и тие не можеа да го скинат, бидејќи беа навистина мали. Откако пораснаа сè повеќе се навикнуваа на фактот дека не можат да побегнат. Веруваа дека јажето сè уште може да ги задржи и затоа не се обидуваат повеќе да побегнат.“

Човекот останал запрепастен. Овие огромни слонови во секој момент може да се ослободат од јажето, а само поради нивното уверување дека не можат, остануваат заробени.

Колкумина од вас, како и овие слонови, одат низ животот држејќи се до уверувањата дека не можете да направите нешто, само затоа што некогаш кога сте се обиделе не сте успеале?

Неуспехот е дел од учењето. Никогаш не смеете да се откажете од борбата во животот!

Би можело да ве интересира:

Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Запознав лице со оштетен вид во воз накај Битола - од неговата приказна разбрав со колкави проблеми ... На многу мала возраст му бил дијагностициран дијабетес. Неговите родители правел...
„Ако беше лесен животот со личноста што ја сакаш, немаше да вреди“ „Животот со личноста што ја сакаш не е таков како што сите си мислат. Не станува...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg