Ако може да замислите, може и да остварите

Може ли да замислите дека се наоѓате на некој врв каде од височина го гледате градот, вие сте над сè и над сите? Сигурно во мислите веќе ви дојде слика како стоите на врвот на Водно, на пример, а Скопје се простира пред вас.

ako-moze-da-zamislite-moze-i-da-ostvarite-01

Вие гордо, исправено и цврсто стоите. Нема никој околу вас и може слободно да се чувствувате владетелски, барем за момент. Замисливте?

Сега облечете ги патиките, излезете од дома и тргнете кон подножјето на Водно, или најблиската планина до вашиот град.

Почнете да се искачувате. Ќе ви дојде тешко, ќе трае долго, ќе се одморате на неколку места, ќе уживате во природата по патот.

Ќе откриете места кои не сте ги виделе претходно, ќе пронајдете некоја чешмичка или изворче и ќе сфатите какво богатство е водата.

После неколку потешко искачени угорници ќе сфатите колку е поинаков и незаменлив планинскиот воздух.

Можно е да сретнете и други луѓе по патот. Сите тргнати во остварување на некоја своја замислена цел.

Не се знае, некои од нив може да ви станат и пријатели, со некои можеби ќе делите иста замисла и цел.

Продолжете да одите. Кога ќе почнете да се приближувате до врвот, колку што ќе сакате да стигнете веднаш до него, толку ќе ви биде потребна и поголема сила.

Се чини дека сте најблизу, но последните чекори, по толкав изоден пат се најтешки.

ako-moze-da-zamislite-moze-i-da-ostvarite-1

Некои од оние што ги сретнавте по патот ќе речат доста е, еве тука сме, да не претеруваме.

Други ќе се обидат да ве запрат, велејќи може да биде опасно, трети ќе се натпреваруваат да стигнат пред вас.

Но, вие, единствено што треба да мислите е вашата цел, вашиот сон.

Вие замисливте дека сте на врвот, над градот и дека сте единствени, барем за момент. Тоа е она што треба да го остварите.

Продолжете да се искачувате, макар и да се сопнувате од камчињата, да ви се лизнува ногата или едвај да дишете. Одете внимателно, чекорете цврсто и сигурно.

Целта не сте ја постигнале ако сè уште го гледате врвот, туку ако вие стоите на него и го гледате градот.

Кога ќе стигнете, не седнувајте веднаш, туку исправете се и погледнете го патот кој го поминавте и глетката одозгора, на она каде што бевте. 

Нема поголема награда од срцето кое забрзано чука, полните гради и среќните очи.

Тоа е сонот што го замисливте и успеавте да го остварите. Ниеден пат кон висока цел не е лесен, но не е ниту недостижен.

ako-moze-da-zamislite-moze-i-da-ostvarite-2

Ако може да замислите, може и да остварите.

Без разлика на сите препреки, без разлика на сите добри и лоши прилики, ништо не смее да ве премисли.

Вашиот сон е само ваш, колку и да има слични други, полоши или подобри, на некој чуден начин вашиот сон е посебен.

Патот по кој ќе тргнете да го остварите е различен од сите други, затоа што секој поинаку ги доживува сите ситуации.

Важно е дека она што можете да го замислите, ако навистина го сакате, тогаш може и да го остварите. Единствено треба да тргнете и да не се откажете!

Автор: В.М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg