Инспиративни приказни кои ќе ви извлечат насмевка на лицето

Понекогаш работите не се така црни. Овие неколку приказни ќе ве убедат во тоа, ќе ви ги насолзат очите и ќе ви го растреперат срцето. Но, не затоа што се тажни, туку затоа што ќе ви ја вратат вербата во човештвото.

inspirativni-prikazni-koi-ke-vi-izvlecat-nasmevka-na-liceto-01

1. Денес, мојата баба која пати од алцхајмерова болест, седна во автомобилот и отиде до продавница. Но, повеќе не се врати. Се јавивме во полиција, но пред тие да ја пронајдат, се појавија двајца студенти со мојата баба. Еден го возеше автомобилот на мојот татко, а другиот го следеше со неговиот автомобил.

Ми рекоа дека ја забележале како плаче покрај автопатот, оддалечена 15 километри од нашата куќа. Мојата баба не можела да се сети на адресата, но затоа им го кажала своето име и презиме. Врз основа на тоа, ја пронашле адресата и ја вратија дома.

2. Денес е мојот 18 роденден. Пред нешто повеќе од 18 години, мојата мајка зад себе имала 4 абортуси и била бремена со мене. Затоа што тоа и беше 5та бременост, докторот ја предупредил дека е ризична.

И признал дека постои опасност да преживее само една од нас две. Сепак, таа реши да ми даде шанса. Денес сум и благодарна што постојам и што ја имам можноста заедно да го прославиме моето полнолетство.

3. Пред неполна недела ја донирав својата стара облека во најблискиот дом за бездомници. Токму денес налетав на една девојка, во раните 20ти години со мојата маица која ја носев кога бев тинејџерка.

Со насмевка на лицето се доближив до неа и и реков: „Баш ми се допаѓа твојата маица!“ Со уште поголема насмевка таа ми врати: „И мене, пресреќна бев кога ми ја дадоа!“

4. Синоќа, кога се враќав од работа, ја забележав мојата сосетка која е во 8от месец од бременоста, како се мачи со кеси од блискиот супермаркет. Застанав и и помогнав да ги однесе до станот.

Вечерва, кога се вратив од работа, на прагот ме чекаше пита со јаболка и порака: „Направена од состојките кои ми помогна да ги донесам дома. Уживај!“

Не знам зошто, но повкусна торта одамна не сум пробала.

inspirativni-prikazni-koi-ke-vi-izvlecat-nasmevka-na-liceto-02

5. Денес открив дека мојата мајка и татко работат 2 работи за да можат да го финансираат моето школување, но и на сестра ми. Видно натажени, ги прашавме зошто е таква ситуацијата.

Мојот татко ни одговори: „Вие две ќе бидете првите во нашето семејство со факултетска диплома. Двете работи не се ништо. Би работел и три, само вие две да дипломирате.“

6. Денес, кога го отворив дуќанот кој го држев, на подот покрај вратата затекнав коверт во кој имаше 600 долари и порака: „Пред 5 години провалив и украдов храна во вредност од 300 долари. Жал ми е. Бев изгладнет и очаен.“

Јас не го пријавив тој инцидент во полиција, затоа што претпоставував дека станува збор за гладен бездомник. И не сум погрешил.

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg