Човекот и чадорот

Дожд сред мај. Од каде ти Небо тоа право? Каде ти е календарот? Ми го уништи роденденот, во плакарот цимолкаат сите долги фустани кои беа во план да се облечат, санадлите фатија пајажина.

covekot-i-cadorot-01

Утрово, додека се обидував во тишина да си ја земам дозата на коефин, никотин и чоколадо и да не мислам на сите обврски кои треба да ги завршам во десетина часа, за првпат откако паметам за мене, ме вознемири дождот.

Безмислосно ми тропаше по прозорците, на олуците. Па личат ли вакви дождови во пролет, кога ситно броиме до летото, песочните плажи и коктелите!? За што ли плаче небото!?

Далеку од тоа дека не го сакам дождот. Ме потсетува колку на убави моменти, толку на тажни моменти. А што е човек без сеќавања? Мигови кога небото над мене плачело од среќа, мигови кога истото небо плачело од жал. Во тие вторите мигови, се надевав дека над моето небо има уште едно небо, на кое нема облаци, небо полно сончевина.Небо кое се радува!

Ако порано внимавав да не излезам без телефонот, сега внимавам да не излезам без чадор. Веројатно, со годините доаѓа стравот од настинки и стравот од брзи и нервозни шофери кои не внимаваат на вировите полни вода и кал.

Надвор, по тротоарите, мојот шарен чадор се бореше со ветрот. Пред очите ми „помина“ ликот на една повозрасна жена која секогаш во една реченица успева да ти го каже она за кое некој друг ќе напише неколку стотици страни.  Ми имаше кажано дека секоја жена заслужува четири нешта: чанта, чевли, чадор и човек.

Денес, мислам дека конечно ја разбрав. Чанта, онаа во која ќе стои црвениот кармин за да внесете свежина и страст во сивилото, чоколадо за смирување на нервите и огледалце за да Ви каже дека сте најубавото, најуникатното суштество.

Чевли, доволно високи за да ви намалат некој килограм, доволно сески за да измамите воздишки, доволно удобни за да стигнете до дестинацијата од Вашите соништа. Чадор, за да не ви се расипе фризурата. И на крај, Човек, еден, единствен.

Оној кој нема да ве пушта од постелата кога утрата се тмурни, оној кој ќе го сака вашето молчење исто колку и вашето гласно смеење, оној кој ќе ве сака во долг фустан со светкави украси на вратот колку што ве сака во омилените пижами.

Човекот кој ќе се припива најблиску до Вас под чадорот, долго, долго откако престанало да врне. Да, со вистинскиот Човек, и најпоројниот дожд знае да биде магија.

covekot-i-cadorot-1

Автор: Маја Кузмановска

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg