Ти си најсреќниот човек во светот!

За момент, оставете ги на страна сите битки кои ги водите моментално во животот и посветете се на оваа поинаква, позитивна листа.

ti-si-najsrekniot-covek-vo-svetot-01

Можеби ќе ви се чини едноставна, но сетете се дека само денес има милион луѓе кои не се ниту приближно среќни колку вас.

На кратко, ова се одговорите на вашето зачудено „Зошто токму јас сум најсреќниот човек во светот?“

1. Синоќа не легнавте во кревет со празен стомак.

2. Се разбудивте со покрив над глава.

3. Можете да ја слушнете и видите градската бучава.

4. Не се плашевте дали ќе го изгубите животот токму денес.

5. Здрави сте и силни!

6. Често пати се грижите за вашата кариера, вашето семејство, вашиот следен чекор... Што значи, во вас живеат амбициите, страста и слободата.

7. Во моментов можете да излезете и да го почувствувате ветерот низ косата и зраците сонце на вашата кожа.

ti-si-najsrekniot-covek-vo-svetot-02

8. Имавте голем избор што да облечете денес.

9. Го испивте своето омилено кафе, ја пробавте најчоколадната торта, го исланиравте највкусниот ручек...

10. Имате многу спомени кои ви будат насмевки и солзи.

11. Имате некој на кој можете да му кажете Те сакам!

12. Имате можност да уживате во изгревањето и заоѓањето на сонцето.

13. Живи сте! Во вашето тело струи топла крв подготвена за новиот ден.

Разубавете си го денот, бидете благодарни и помогнете ни заедно да ја дополниме оваа листа.

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg