Работи кои требаше да ги направиме...

Колку пати сте се покајале, колку пати посакавте работите да ги направите поинаку?

raboti-koi-trebase-da-gi-napravime-01

Јас, барем со него, сигурно 20 пати се покајав. Не, ништо лошо не ми направи, туку...

1. Несвесно барав да помести планини за мене, а требаше да барам мали, бебешки чекори.

2. Требаше да се насмевнам кога го цитираше омилениот мафијашки филм, наместо да го терам на молчи.

3. Требаше почесто да се гледаме во очи додека водевме љубов.

4. Не требаше да бидам толку себична.

5. Тој пак, не требаше да биде толку невин и мирен.

6. Не требаше да бидам лута кога ја испрати другарката дома.

7. Не требаше ниту да му го проверувам мобилниот телефон додека тој ми го подготвуваше појадокот.

8. Требаше почесто да инвестирам во неговите соништа, барем приближно толку колку што тој вложуваше.

9. И не требаше да премолчам колку тоа ми значеше.

10. Не требаше да поминам толку време грижејќи се дали ме сака или не.

11. Требаше да бидам доволно паметна и да разберам дека сме луди еден за друг.

12. Кога ќе ме замолеше да бидам понежна и смирена, требаше да го послушам.

13. Кога доаѓаше кај мене, требаше да го прашам каков ден имаше.

14. Требаше да бидеме подобри. Кога престанавме да бидеме нежни како на почетокот?

15. Требаше да направиме план. Долгорочен и стабилен.

16. Требаше да ги избегнуваме кавгите.

17. Требаше да поминеме помалку време спиејќи, а повеќе фантазирајќи под ѕвездите.

18. Требаше да се обидеме повторно.

19. И на крај, требаше да те замолам да ми ветиш дека никогаш повторно нема да си заминеш.

20. Или барем да ме однесеш онаму каде што тргна.

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg