Оваа приказна трае 15 секунди, а може да направи огромна животна промена

Дали способноста да не обрнувате внимание на останатите луѓе, може да ви помогне да постигнете внатрешен мир?

ovaa-prikazna-trae-1-sekundi-a-moze-da-napravi-ogromna-zivotna-prikazna-1

Некои велат дека позитивните и негативните критики се главни виновници за животниот успех, но што ако барем накратко престанете да ги слушате сите тие коментари?

Иако кратка, сепак оваа приказна може да ве промени и да ви докаже дека некогаш е во ред да не ги послушате навредите, но и пофалбите на другите луѓе, туку едноставно да се движите по својот пат: 

Еден ден, ученикот му пришол на својот учител и го запрашал невообичаено прашање, а тоа било како најмногу да му угоди на својот Бог.

- Оди на гробишта и навреди ги мртвите - му рекол учителот.

Ученикот направил како што му било речено и следниот ден повторно дошол кај својот учител.

- Дали ти одговорија? - прашал учителот.

- Не, не ми одговорија - рекол ученикот.

- Тогаш оди повторно, но овој пат пофали ги.

Ученикот го послушал својот учител и тргнал повторно до гробиштата, но овојпат ги пофалил мртвите. Истиот ден, ученикот се вратил кај својот учител, кој повторно го прашал дали нешто мртвите му одговориле овој пат за укажаните пофалбите.

- Не ми одговорија - рекол ученикот.

- За да му угодиш на Бога, однесувај се како нив - рекол учителот. Не обрнувај внимание на навредите од луѓето, но ниту на нивните пофалби. Само така, ќе го создадеш својот пат.

автор на приказната: Пауло Коелјо

Би можело да ве интересира:

27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
За мене Скопје е... мирисот на липи во јуни Скопје е токму ова – мирисот на липа во јуни. Благата арома ги надразнува сетила...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg