Кога играта се претвора во вистински живот

Се сеќавате ли на оние моменти кога како деца глумевте возрасни? Сакавте да пораснете, да бидете многу важни. Па, глумевте фраери или откачени девојки. Пиевте пиво и пушевте цигари или облекувавте високи  потпетици и стававте кармин.

koga-igrata-se-pretvora-vo-vistinski-zivot-01

Зборувавте со некои зборови кои ги слушавте од возрасните. Глумевте дека имате проблеми или дека ве боли глава.

Ако симпатијата не ве погледне, правевте драма и „патевте“ како глумиците во филмовите кои ги гледавте.

И наеднаш, времето ви помина, пораснавте. Наеднаш тоа што го глумевте почна вистински да ви се случува.

koga-igrata-se-pretvora-vo-vistinski-zivot-1.jpg

Само што сега не можете да глумите дека сте деца и да ја прекинете играта кога ќе посакате. Сега е редот да се соочите вистински со проблемите и да ги решите.

Караницата со саканите вистински боли и не поминува штом ви досади. Понекогаш не сакате да се шминкате, но мора секогаш да изгледате убаво. Солзите не се покриваат само со одглумена насмевка.

Сега можеби сакате да ги откажете цигарите, но веќе не се соленките со кои глумевте. Децата не се кукли кои може да ги заборавите кај другарката или да ги шетате додека не се изморите.

Сега не мора да глумите дека сте возрасни, туку навистина сте. А детството? А младоста? Каде заминаа? Каде брзавте? Кога пораснавте?

Сакате да се вратите назад? Се сеќавате на сè што пропуштивте?

koga-igrata-se-pretvora-vo-vistinski-zivot-2.jpg

Се сеќавате дека едвај чекавте да излезете навечер облечени како некои девојки кои ги гледате на телевизија или во списанија.

Се сеќавате дека почнавте да се шминкате и за во училиште, само за да личите на некоја повозрасна и да им се допаднете на некои од момците во погорните одделенија.

Се сеќававте дека глумевте бунтовници кои пијат и не се враќаат дома, не учат и имаат слаби оценки, само за да покажете колку сте јаки и самостојни.

Се потсетувавте дека постојано им баравте пари на вашите родители и ги трошевте за алкохол, луди журки или скапа облека само за да бидете главни во друштвото.

Ви текнува на сè што правевте, а не моравте. Можеше сèда биде поинаку. Немаше потреба да брзате да пораснете.

Секој миг е единствен и создаден токму онаков каков што треба да биде. Секое време ја носи својата нишка на убавина за која треба да се фатите и да ја следите.

Кога мислите дека сте успеале и дека сте понапредни од врсниците, само затоа што правите нешто што го прават повозрасните, сетете се дека го пропуштате вистинскиот момент.

Само изгубеното време не се враќа, а секој го добива она што му следува. Сега нема назад.

koga-igrata-se-pretvora-vo-vistinski-zivot-3.jpg

Ви останува да ја пронајдете убавината на периодот во кој се наоѓате и да не ја повторите грешката во обратен правец.

Соочете се со вистинската личност и возраст. Ако сте пораснале не се враќајте назад во младоста. Пропуштеното не се надоместува. Главата горе.

Погледнете во огледалото и длабоко во себе. Запознајте се и прифатете се. Важно е само да не застанувате и да продолжите напред.

Автор: В. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Носталгија за едни минати времиња: Се сеќавате ли на легендарната стара ѕидна вага? Колачиња со путер и мармалад, гурабии, пиварки, ежиња... Се сеќавате ли на слатк...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg