10 Работи кои веќе не ви се забавни во доцните 20-ти

Додека наполните 20 години, па и следните 2-3 години забавата ви е на прво место. Излегувањето на сред недела и секој викенд, многу пиење, забава, познати и непознати луѓе, многу грешки кои се повторуваат се само дел од спомените кои остануваат.

10-raboti-koi-veke-ne-vi-se-zabavni-posle-20-tata-godina-01

Но, токму тие работи кои ви се чинат дека може засекогаш и бесконечно да ги правите и повторувате, во доцните 20-ти години веќе не ви паѓаат на памет.

1. Текила

Брзо пиење, мали, но јаки пијачки за цело друштво со еднаков ефект. Така почнуваше секое загревање. Но, сега малку се подзамислувате и помислувате на главоболката од следниот ден.


2. Долго зборување на телефон

Додека на почеток од факултетските денови ви беше интересно по неколку часа да зборувате со најдобрите пријатели од средно и да ги споделувате новите искуства, раскажувајќи ги сите детали, сега тоа го заменувате со известување преку смс, Фејсбук, средба.


3. Останување до доцна навечер

Секое излегување се трудите да се убедите дека уште сте млади и можете да издржите до доцна, но тоа трае сè додека не почне да ви се приспива после второто пиво.

10-raboti-koi-veke-ne-vi-se-zabavni-posle-20-tata-godina-1.jpg

4. Хедонистичко јадење

Порано беше супер што можевте навечер по враќањето од диско да го купите највкусниот сендвич, да го изедете и да си легнете, а следното утро со еден овошен ден, да се ослободите од внесените калории. Тогаш диетите го покажуваа својот ефект, бидејќи организмот ви беше млад. Возрасната личност веќе има забавен метаболизам и дигестивен систем, поради што многу поверојатно е дека калориите ќе ви се наталожат, отколку што ќе исчезнат.


5. Досадување на работа

Иако порано можеби сте сонувале за работа на која нема да треба ништо посебно да работите и се молите да може цел ден да „висите“ на Фејсбук, подоцна сфаќате дека е многу подосадно и подолг е денот ако сите 8 работни часа немате никаква работа.


6. Бунтување со родителите

Порано можеби не ги разбиравте или мислевте дека не ве разбираат, па позабавно ви беше да им префрлате или да се бунтувате и скришно да правите некои работи. Додека сега, почнувате да ги сфаќате дека биле во право и дека всушност одлично ве разбираат и баш се супер за комуникација.

10-raboti-koi-veke-ne-vi-se-zabavni-posle-20-tata-godina-3.jpg

7. Кампирање на концерти

Се сеќавате кога бевте подготвени со ранецот на грб да тргнете на некој концерт и да спиете во шатор, само за да ја гледате омилената рок група? Ве болеше грбот од неудобноста, но тоа е последното нешто на кое обрнувавте внимание. Сега сè уште сакате да ја слушате групата, но би нашле и некој хотел во близина за да преспиете.


8. Спиење во хостели

Ако досега навистина не обрнувавте внимание на тоа каде спиете и ви беше забавно дури и да се најдете со непознати на ваша возраст па да се здружите и да уживате заедно во нередот кој ќе го направите во собата, тоа е завршено. Сега не ви звучи забавно таквата идеја, туку сакате мир и уредна соба со личности кои добро ги познавате.

10-raboti-koi-veke-ne-vi-se-zabavni-posle-20-tata-godina-6.jpg

9. Живеење со многу цимери

Не е дека не сте веќе комуникативни, ама сигурно не можете веќе да ги трпите сите. Доволно беа неколку години.


10. Дискотеки и журки

Девојки, колку пати сте помислиле дека подобра идеја е да си направите домашна забава со истите хитови од дискотека, само да не мора да ги носите високите потпетици? Од друга страна, сите техно-фанатици веројатно сфатија дека можат да уживаат во музиката и без екстази.

Во колку ситуации се пронајдовте?

Би можело да ве интересира:

„Ми се одмили Козјак за викенд, но бев во работен ден и беше идилично“ „Отидов после работа и на Козјак ме пречека спокој каков што не очекував. Немаше...
Мајчинството не престанува кога децата ќе пораснат и ќе се иселат од дома И кога ќе имаш 20 години ќе се јави да те потсети да земеш чадор, и на 40 години...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg