Писмо од една домаќинка до сите жени во светот: Чисти само колку што мораш!

Сакајќи да го сподели своето животно искуство и добро научената лекција, оваа домаќинка решила својата приказна да ја преточи во прекрасно писмо до сите жени во светот.

pismo-od-edna-domakinka-do-site-zeni-vo-svetot-cisti-samo-kolku-sto-moras-01.jpg

„Мои дами!

Запаметете дека прашината го штити дрвото кое се наоѓа под неа. Куќата станува дом само кога на мебелот можете да напишете - Те сакам.

Знаев секој викенд да поминам барем по 8 часа чистејќи, затоа што сакав сè да биде совршено, во случај да дојдат ненајавени гости.

Конечно еден ден сфатив дека никој нема да дојде - сите беа некаде надвор, живеејќи и забавувајќи се.

Денес, кога луѓето ме посетуваат не морам да им ја објаснам чистотата на домот, сите се заинтересирани за работите кои ги правев, како живеам и како се забавувам.

Ако уште не го сфативте ова, ве молам да го послушате мојот совет: Животот е краток. Уживајте! Чистете само колку што морате...

Зарем не би било подобро да нацртате слика или напишете писмо, да испечете колачиња или да засадите цвеќе?

Научете ја разликата помеѓу САКАМ и МОРАМ!

pismo-od-edna-domakinka-do-site-zeni-vo-svetot-cisti-samo-kolku-sto-moras-1.jpg

Чистете колку што морате... Но, немате премногу време... Наместо тоа можете да ги препливате реките кои ги сакате, да се искачите на планините на кои сакате, да ја слушате музиката, да ги задржите пријателите кои ги сакате и да живеете живот каков посакувате.

Чистете колку што морате, но сфатете дека животот е таму надвор, со сонцето во вашите очи, со ветерот во вашата коса, со снегулките на вашето лице, со дождот... Овој ден нема да се повтори!

Чистете колку што морате, но имајте на ум... Староста ќе дојде и таа не е љубезна. А кога ќе умрете... Вие самите ќе направите уште поголема прашина.“

Споделете го ова со сите прекрасни жени во вашиот живот!

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Чудотворни места во Македонија за жени кои не можат да забременат - Сливничкиот манастир, „трудното ... Многу легенди, митови и вистински приказни се раскажуваат и пренесуваат од ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg