30 Животни лекции кои не треба да ги научите од своите грешки

Постојат некои работи кои не можете да ги знаете сѐ додека не ги пробате, но одредени нешта можете да ги научите од туѓите искуства.

30-zivotni-lekcii-koi-ne-treba-da-gi-naucite-od-svoite-greski-001

Олеснете си го животниот пат и не дозволувајте овие работи да ги научите како резултат од сопствените грешки.

30 животни лекции кои треба да ги знаете:

1. Голтнете ја гордоста и кажете „Извини”. Немојте да бидете премногу горди за да не можете да се извините, не вреди.

2. Скапоцените работи кои едвај можете да си ги дозволите се најлоши сопатници. Не додаваат вредност на вашиот живот, туку креираат страв од губење.

3. Забавете. Животот е премногу краток да го потрошите трчајќи.

4. Целите не се толку важни колку што си мислите. Понекогаш заборавете на нив и уживајте во тоа што го имате.

5. Најважниот момент е сегашниот, затоа живејте во него. Плановите може да се сменат, а минатото и онака нема да се врати.

6. Кога детето има потреба од внимание, одвојте време за него.

7. Не влегувајте во долгови. Тие носат повеќе главоболка од користи. Трошете помалку од она што заработувате.

8. Не трудете се да бидете кул, многу е позабавно да се заборави на тие работи и да бидете тоа што навистина сте.

9. Немојте никогаш да праќате порака која немате намера да биде јавна.

10. Не можете да ги мотивирате луѓето, но можете да бидете нивна инспирација.

zivotni-lekcii-koi-ne-treba-da-gi-naucite-od-svoite-greski-2

11. Ако пливате во јато риби без цел, немојте да мислите дека другите риби знаат каде одат.

12. Не можете да имате сѐ и затоа е во ред ако нешто ви недостига.

13. Грешките се добар начин за учење.

14. Неуспесите се составен дел од животот, не постои човек кој успеал без да доживее неуспех.

15. Одморот е многу поважен отколку што си мислите.

16Добрата книга, добриот пријател и добрата прегратка се бесплатни уживања кои мора да ги користите.

17. Пријателствата не се склопуваат преку ноќ, тоа е долготраен процес.

18. Дестинацијата е само мал дел од патот. Немојте да бидете преокупирани со целите и да не видите каде одите.

19. Прошетката решава многу проблеми.

20. Ослободете се од очекувањата. Наместо да ги идеализирате работите, доживувајте ги.

zivotni-lekcii-koi-ne-treba-da-gi-naucite-od-svoite-greski-3

21. Давањето е подобро од земањето, а и е уште подобро од очекувањето дека некој нешто ќе ви даде.

22. Натпреварувањето е ретко продуктивно, а споредбите уште помалку.

23. Благодарноста е најдобриот начин да пронајдете задоволство.

24. Сочувството е поважно од барање на сопствено искуство.

25. Создавајте и секогаш трудете се да направите нешто ново или да го подобрите она што го имате.

26. Ако сте вознемирени, гледајте на ситуацијата со туѓи очи.

27. Немојте да седите премногу. Танцувајте, одете, трчајте, играјте...

28. Не ги осудувајте луѓето ако за нив знаете премалку.

29. Вкусот се менува. Немојте ништо да судите ниту да тврдите дека нешто нема да направите.

30Бидете весели. Радувајте се на ситниците и на тоа што го имате.

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg