Понекогаш, сосема е во ред да не ги следите своите соништа

Реченицата „Следи ги своите соништа” ми се појавува во животот како поранешно момче. Знаете она кога, посакувате да го избегнете додека сте на состанок со некој кој ви се допаѓа, но на крајот сепак некако наидувате еден на друг.

ponekogas-sosema-e-vo-red-da-ne-gi-sledite-svoite-sonista-01.jpg

Оваа фраза ја слушам во секое кафуле и ја читам на секој Фејсбук статус, но знаете што? Одлучив да го направам спротивното: Наместо да ги следам своите соништа, ги следам парите.

Работев напорно, се искачив на врвот од скалата, моите родители се горди на мене... Па зошто се чувствувам толку лошо за успехот?

Веројатно бидејќи ни беше кажано дека секој од нас заслужува трофеј и затоа веруваме дека нашите соништа заслужуваат да бидат остварени.

Оди по патот на твоите соништа, следи ја страста, прави го она што го сакаш и нема да мораш да работиш ниту еден ден во твојот живот.

Но, што се случува кога тоа што го сакаш прераснува во нешто сосема поинакво? Кога на пример, дизајнирањето на облека значи собирање на лајкови на фејсбук или станувањето на актер значи да се глуми во сопствениот живот? Зарем е толку лошо да се има работа која е ништо повеќе од само работа?

Парите се важни, не можете да кажете дека не се. Тоа го знаат сите кои ги немаат. Сите кои сакаат нешто посебно за своите деца, но не заработиле. Тоа го знаат сите кои отишле со своите пријатели на кафе и нарачале вода.

Замислете колку би било убаво наместо да одите пешки да влезете во такси или да ја напуштите работата и да заминете на одмор на Хаваите.

Замислете да не морате да останувате дома за време на викендите, само затоа што чекате да станете она што отсекогаш сте сакале да бидете и не прифаќате ништо под тоа.

Во ред е да ја толерирате својата работа и да бидете заљубени во своето хоби, бидејќи кога страста ќе се претвори во кариера, тогаш ризикувате вашата љубов да ја претворите во работа.

Најважно од сѐ е да сте задоволни од начинот на кои луѓето околу вас ве третираат, да бидете среќни од сопствениот живот и да бидете горди на себе.

Ова не значи дека треба да престанете да сонувате или да го правите она што го сакате, туку не треба да мислите дека ако не го остварите својот сон тогаш не живеете „вистински”.

Среќата доаѓа од различни места и понекогаш трчањето по парите е токму она што ви е потребно за да ги стигнете соништата.

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg