Послушајте го мудрецот и ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот

Секој од нас понекогаш се наоѓа заробен во некој магичен круг на секојдневие, проблематични односи и обврски, па секому е потребна мала мудрост за да го врати својот живот на прав пат.

poslusajte-go-mudrecot-i-ke-ja-sretnete-ljubovta-na-vasiot-zivot-01

Еден човек прашал еден мудрец: „Како да излезам од кругот на празното секојдневие во кое нема ни љубов ни среќа?“

Мудрецот му одговорил: „Од кругот можеш да излезеш само на она место каде се составуваат почетокот и крајот“.

Човекот длабоко се замислил и тргнал во потрага по местото каде се спојуваат небото и земјата, но хоризонтот секогаш бил на еднаква оддалеченост. Уморен од сè, седнал на брегот покрај океанот и мислел дека дошол крајот на светот. Зборовите на мудрецот му одѕвонувале во главата.

Долго седел на брегот набљудувајќи ги сонцето и облаците, а навечер месечината и ѕвездите и конечно ги видел своето минато и својата иднина како се спојуваат во сегашниот момент и го обликуваат неговиот живот.

Го дознал одговорот. Не постои место на светот каде почетоците се спојуваат со краевите, но на секое место крајот се претопува во нов почеток во одреден момент.

Повторно го побарал старецот кој го упатил кон хоризонтот, одлучен во намерата да владее со времето и да дознае во кој момент може да се ослободи од лошата среќа.

Човекот го прашал мудрецот: „Сега знам каде се спојуваат почетокот и крајот, што треба да направам?“

Мудрецот одговорил: „Ако твоето минато е исполнето со патење, почекај момент кога сонцето на хоризонтот ќе почне да се качува и тогаш остави го патењето зад себе.

Ако во минатото си бил роб на лошите навики, почекај сонцето да почне да се качува и во следните 3 дена прави го само она што сакаш да го правиш до крајот на животот.

Ако твоето минато е исполнето со проблематични односи, тогаш побарај некои нови луѓе и тргни со нив во твојата иднина, а сите други остави ги зад тебе и не се врти.

Ако во твојот живот немало радост, тогаш направи го она што би те направило среќен, без разлика колку е можеби мало тоа нешто, ќе се прошири на целата твоја иднина.

Ако во твојот живот немало љубов, во тој момент со желба погледни во сонцето и ќе ја сретнеш љубовта на твојот живот“.

Човекот се заблагодарил и тргнал по својот пат. Никогаш веќе не го посетил мудрецот.

Вашите стари проблеми треба да останат зад вас, а во себе треба да го понесете само она со кое сакате да си ја исполните иднината.

Ако го направите тоа, ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот.

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Запознав лице со оштетен вид во воз накај Битола - од неговата приказна разбрав со колкави проблеми ... На многу мала возраст му бил дијагностициран дијабетес. Неговите родители правел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg