Изборете се со стресот и проблемите: Мудра приказна на еден психолог која вреди да ја прочитате

Со цел сликовито да објасни што треба човекот да направи кога е под стрес или се бори со одреден проблем, еден психолог ја раскажал оваа приказна која сигурно и на вас ќе ви биде од корист.

izborete-se-so-stresot-i-problemite-mudra-prikazna-na-eden-psiholog-koja-vredi-da-ja-procitate-01.jpg

За почеток, подигнал една чаша вода. Во тој момент сите го очекувале прашањето „дали чашата е полуполна или полупразна?“ Но, психологот само се насмевнал и прашал нешто сосема друго:

„Колку е тешка оваа чаша?“

Одговорите варирале помеѓу 200 и 400 милилитри, за на крајот публиката да разбере дека тој воопшто не ни прашува за физичката тежина.

„Физичката тежина не е важна. Сè зависи од тоа колку долго ја држам,“ објаснил психологот.

„Ако ја држам 1 минута, не е проблем. Но, ако ја држам цел час, ќе ме заболи раката. Ако ја држам цел ден, раката ќе ми се вкочани. Во секој случај тежината не се менува, но што подолго ја држам, таа станува толку потешка.

Стресот и грижите се како оваа чаша вода. Ако размислувате за нив некое време, ништо нема да ви се случи. Ако размислувате малку подолго, ќе почнат да болат. Ако размислувате за нив цел ден - ќе се вкочаните, неспособни да направите било што. Сетете се да ја спуштите чашата.“

Би можело да ве интересира:

Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Поучна кинеска приказна: Секое добро не е за добро и секое лошо не е за лошо Сè што се случува околу нас е комплексен процес. Невозможно е однапред да знаете...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg