Ти го чувам грбот, дури и кога ми го вртиш!

Постојат личности кои се среќаваат во погрешно време, а се оние вистинските. Таквите кога ќе се разделат, не тагуваат, бидејќи знаат дека ќе се најдат повторно, некогаш.

ti-go-cuvam-grbot-duri-i-koga-mi-go-vrtis-01

Ретките се наоѓаат, кога - тогаш, бегаат еден од друг, но повторно се враќаат на местото на кое биле среќни.

Така јас, така и ти, ние сме тие двајца ретки, се најдовме во погрешно време, но бевме вистинските, затоа слушај ме кога ти велам...

...не можеш да ми избегаш, те следам во секој чекор како сенка, а не можеш да избегаш од сенка.

Не сакаш да избегаш, кој би посакал да си избега од сенката. Ти го чувам грбот, дури и кога ми го вртиш, ми го чуваш грбот, дури и кога ти го вртам.

Си ги чуваме срцата кога ќе се завртиме еден кон друг, здивот си го мирисаме, очите си ги плакнeме.

Ме фаќаш цврсто за раце, ме затресуваш, те гледам двојно, не ми се верува дека си пред мене, влегувам во транс, паѓам во твоите прегратки и се губам, за миг живеам во совршен свет сè додека повторно не се потсетам дека јас сум твојата сенка, не твојата силуета која се движи покрај тебе.

Не можам да ти избегам, ме следиш во секој чекор како сенка, а не можеш да избегаш од сенка.

Не сакам да избегам, кој би посакал да си избега од сенката, јас посакувам нешто полошо, да си избегам од кожата.

Ми го чуваш грбот, дури и кога ти го вртам, ти го чувам грбот дури и кога ми го вртиш.

Си ги чуваме срцата... не!

Ти го чувам срцето во моето, сè додека не се исече од парчињата мои на парчиња, а кога тоа ќе се случи ќе те фатам за раце и ќе те затресам.

Ќе ме гледаш дупло, нема да ти се верува дека сум тука покрај тебе, пред тебе, зад тебе, до тебе, ќе влезеш во транс, ќе паднеш во моите прегратки и ќе се изгубиш.

Ќе живееш во совршен свет сè додека повторно не сфатиш дека сето ова било сон, барем ќе се тешиш дека било сон, во моментот кога повеќе нема да можеш да го разликуваш сонот од јавето.

А јас ќе ти го чувам грбот и тогаш кога ќе сфатиш дека се навистина било сон, сон кој двајцата го сонувавме со отворени очи!

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg