Писмо до идната јас: Запомни ги тешките денови

Ќе мислиш на мене нели?

pismo-do-idnata-jas-zapomni-gi-teshkite-denovi-01.jpg

Тогаш кога јас со сите мои проблеми ќе бидам спакувана во еден пакет меморија,

Кога ти ќе владееш во мир и сигурност,

Запомни го мојот глас,

Глас кој трепери со солзи во очите,

Солзи кои се лепат на врелата рамна перница.

Запомни ме во сите твои добри денови:

Кога твоите очи се насолзени од смеа,

Кога твоите усни се вжарени од бакнување,

Кога твојата душа танцува под ведрото небо.

Запомни ме не онака како што сакаш да ме запомниш,

Туку онаква каква што сум навистина,

Мизерна,

Тука во оваа празна соба,

Со сиви ѕидови околу мене,

Кога не можам да заспијам,

Кога не можам да сакам,

Кога не можам да дишам.

Не се обидувам да те прогонувам како сиво сеќавање,

Туку како меморија за она што било и поминало.

Запомни како јас живеев заробена во стравови и несигурности,

Неспособна да ја започнам мојата бајка,

Збунета од нештата кои тебе ти се сосема јасни.

Запомни и научи:

Секоја ноќ кога месечевата светлина ја гали твојата слободна кожа,

Секое утро кога го гледаш сонцето со мистично ќебе над планините,

Секој пат кога твојата душа е полна со радост.

Запомни ме.

Дозволи ми да те направам посреќна знаејќи до каде си стигнала,

Низ што си минала.

Не ги напуштај тајните на твоето минато,

Кога си трагала по живот,

По воздух,

По слобода.

Понеси ме со себе и запомни ме.

Дозволи ми да те излекувам.

Сакам да видам како си среќна,

Да замислувам како се смееш.

Сонувам за музиката од твојата насмевка.

Дозволи ми да замислам како ти блескаат очите,

Како се радуваш безгранично.

Се прашувам: Како се случува тоа?

Како изгледа тоа?

Каде јас завршувам, а каде ти почнуваш?

Каде се пресекуваат нашите патишта?

Срти се назад и погледни ме.

Сети се дека некогаш си била мала и тажна.

Верувај во мене, како што јас верувам во тебе.

Раскажи ми ја приказната како да избегам од ова.

Како да избегам од тешките денови?

Би можело да ве интересира:

Мудрости од нашите баби: „Кога бираш маж, внимавај како ја третира мајка му“ Кога бираш маж, секогаш гледај како тој маж ја третира својата мајка и другите ж...
Емотивно писмо до сите жени кои се борат со неплодност До мајката која се бори. Не си сама. И јас бев таму. Ја знам болката. Безбројни ...
Вкусот на Скопје: 10-ка со кромид кај Жабарот, еклери и боза во Апче Бурек и банички, варени ѓевречиња, ребро на скара и 10-ка со кромид, хамбургер с...
Кујунџија, самарџија, јорганџија - Старите македонски занаети стануваат спомен од минатото   „Порано не се учеше школо, се учеше занает“ – често знае да каже мојот 82...
Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...
„Ах, кога пак би бил дете: Би правел шатори, би лепел сликички во албуми, би си играл криенка и џамл... Понекогаш замислувам како со отворање на очите ќе се најдам сред криенка. Некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg