Зошто е добро да бидете себични?

Созревањето за многумина знае да биде вистински предизвик или животна криза која не може така лесно да се надмине. Таков беше и мојот случај. Изгубив неколку важни врски, се селев, ја градев сопствената кариера... Сè си дојде со своја цена.

kako-da-bidete-posebicni-01.jpg

Но, она што потоа дојде е личниот развој и зрелост, а со нив и слободата да се одбере меѓу грижата за себе и себичноста.

Ова последново е прашање кое ги опфаќа многу луѓе во животот, а понекогаш можете да направите многу погрешни одлуки како резултат на неспособноста да правите разлика меѓу овие два поима.

За мене, како жена, ова разликување беше вистински предизвик. Ние жените генетски сме предодредени да се грижиме за некого и таа потреба често знае да не направи да се чувствуваме виновно, ако сакаме да посветиме малку внимание на себеси.

Токму затоа, мислам дека е важно секој да ја знае разликата меѓу тоа што значи да се биде себичен егоист и човек кој е способен да се грижи за себеси.

Еве како можете да се грижите за себеси:


1. Грижата за себеси треба да ви биде приоритет

Добро е да знаете дека треба да работите на себеси и на личниот развој и да се обидете тоа да ви биде приоритет барем во еден дел од животот – да научите како да се сакате и како да се грижите за себеси.


2. Комуницирајте со луѓето околу вас

Отворено разговарајте со луѓето околу вас за тоа како се чувствувате и што ви е важно во животот, бидејќи така и другите ќе разберат кои се вашите мотиви и што ви потребно  во животот.


3. Кога другите треба да имаат предност

Тоа не значи дека треба да престанете да се грижите за потребите на другите, напротив, треба добро да знаете кога е време да се посветите на себеси, а кога на туѓите потреби. Грижата за себеси не значи дека треба да ги потцените туѓите потреби и да ги запоставите врските со луѓето околу вас.


4. Откријте ги вашите граници

Ова се чини како една од најтешките животни задачи. Важно е да знаете до каде се вашите граници и колку сте способни да преминете преку нив. Важно е да верувате на сопствената интуиција и ако нешто прави да се чувствувате неудобно, да не ги преминете вашите граници на издржливост.


5. Направете листа на работи кои прават да се чувствувате задоволни

Кои се работите кои прават да се чувствувате убаво во сопствената кожа? Кои се работите кои прават да бидете во најдобра форма, како физички така и ментално? Добро е да знаете кои работи прават да се чувствувате задоволни и да ги практикувате.


6. Поставете си цели

Мерете ги вашиот развој и успех. Не е важно дали сте насочени кон вашите краткорочни или долгорочни планови, важно е да знаете како можете да измерите дали сте успеале во животот или не. Важно е да знаете кои се вашите животни цели – Успешна кариера? Среќно семејство?


7. Не бидете престроги со себеси

Не треба да ве гризе совеста ако не успеете во нешто, ако личниот развој некаде ви застанал. Себе откривањето е процес во кој емоциите надоаѓаат и служат да не научат нешто. Зошто се чувствувате така? Што ги предизвика тие емоции? Постојано набљудувајте се себеси.

Би можело да ве интересира:

Носталгија за едно минато време – се грижевте ли вие за ваков Тревко? Некои го викаа Тревко, а оваа декоративна пченица беше совршен начин за децата о...
Како денот ми стана „потоп“ затоа што не ја прочитав временската прогноза? Кога влегов дома, бев накисната до гола кожа. Избањата, потопена, мокра и никој ...
Плажите на Вардар, езерото Треска и базенот под Кале - Носталгија за скопските лета Скопје и лето, тоа е таа пеколна комбинација, од која секоја сака да избега што ...
Исповед на Македонка: „Мислев дека имам циста, не очекував дека ќе ми кажат дека сум бремена“ Јас се сменив! Јас се сменив кога сфатив дека ќе бидам мајка. Се сменив кога на ...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
„Моето дете стана прваче во скопско училиште - Колку е тежок товарот на 6-годишно дете?“ На ќерка ми ѝ облеков фустанче у хулахопчиња, ѝ ја средив фризурата и тргнавме. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg