Како може еден од нас да е среќен, а другите тажни?

Во светот постојат луѓе и места од кои може многу да се научи. Постојат и цивилизации недопрени од злобата на секојдневието, кои во себе носат приказни за човечноста, онаква каква што ние не сме ја знаеле.

jas-sum-bidejki-nie-sme-01.jpg

Антропологот Дезмонд Туту, сакајќи да го проучи однесувањето на племињата во Африка, раскажува приказна која ќе ве натера малку да размислите.

Со неговото пристигнување во примитивните племиња во Африка, тој веднаш го започнал своето истражување и на локалните деца им предложил игра. Наполнил една кошница полна со разни овошја, ја поставил под блиското дрво, ги наредил децата во една линија и им кажал дека оној кој ќе стигне прв до дрвото ќе може да ужива во она што се наоѓа во кошница.

Децата биле наместени и го чекале неговиот знак. Кога тој им дал знак се фатиле за рака и почнале заедно да трчаат кон целта, така што сите стигнале во исто време.

Ја зеле кошницата со овошје, седнале во круг и јаделе заедно. Сите се смееле и биле среќни.

Зачуден од она што го видел тој ги запрашал зошто ги поделиле овошјата кога секој од нив можел да ја има цела кошница за себе.

Едно од децата му одговорило: „УБУНТУ, како може еден од нас да е среќен, кога другите се тажни?“.

Едно од верувањата на тоа племе е дека „убунту“ е всушност есенцијата, потребата да се биде човек.

Тие веруваат во фактот дека не може да постои човечко суштество во изолација. Никој не може да преживее сам и затоа, ако го поседуваш „убунту“ тогаш ти си на вистинскиот пат.

Во нивната култура таквата личност е отворена кон другите, секогаш достапна за помош и не се чувствува загрозено од останатите. Има добра сопствена култура и припаѓа на целината која никогаш нема да дозволи да биде понижена и малтретирана.

Всушност „убунту“ ја носи пораката „Јас сум, бидејќи ние сме“.

А, дали навистина ние сме?

Треба да застанеме и да се запрашаме,колку добро можеме да му донесеме на светот ако го разбудиме нашето “убунту”, бидејќи ако сето тоа се оствари, светот ќе биде подобро место за живеење.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
„Ако те чеша лева рака ќе земеш пари“ и уште 11 народни верувања кои ни ги пренесоа бабите Кога икате - некој ве озборува, а ако ве чеша окото - ќе видите некого... Кои се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg