Во чистите, невини, детски очи...

Уште еден крај на работната недела, доста напорна работна недела, петок попладне. Брзав кон блиската пекара во центар со желба сè да изедам поради гладот кој продираше до мојот стомак.

vo-cistite-nevini-detski-oci-01.jpg

Како и по обичај, врнеше. Некако ми се чини дека цело време животот си поигрува, цела работна недела ќе пука сонце, а кога ќе дојде време да се опуштиш ќе му текне да истури, но така нека биде.

Влегов внатре зедов тазе, топол и крцкав ѓеврек со јогурт и седнав на клупата поставена внатре, бидејќи надвор истураше. Додека јадев летав со мислите на многу места, измислувајќи она што е измислено и она што треба да биде измислено.

Го „пуштив“ мозокот со својата слобода на заслужен викенд одмор. Но, по сите случајности, во кои искрено не верувам, бидејќи сметам дека ништо не е случајно во пекарата влезе мало ромче.

Беше премало и преслабо облечено, да не речам голо за такво брутално време. Се упати кон господинот којшто стоеше на касата и купуваше цела пита бурек. Сигурно за цело семејство, си помислив.

Тој беше облечен во црни високи чизми, некоја марка, не ја гледав бидејќи бев далеку, црн долг капут и костум, беше од висока класа можев да забележам. Малото циганче, по сите мои претпоставки беше девојче бидејќи имаше венче на главата и розови сандали.

Се упати кон него.

Ја гледав во усните и пробав да читам од нив, колку што разбрав побара леб. Мене ме учеле дека и душманот треба да добие леб, а тој ја турна на земја како да е партал и го повика човекот кој работеше тука да ја исфрли на дождот.

Си помислив каде ќе му оди душата?

Обично не молчам на неправди, што би се рекло бунтовник кој секогаш наоѓа причина, па станав и на човекот кој брутално го туркаше девојчето надвор му реков:

 „Каков е овој однос со муштериите, таа е со мене!“

Двајцата со неверување се свртија и се насмевнаа, мислејќи дека не сум сериозен, а јас се завртив и на жената која продаваше и реков: „Јогурт и ѓеврек ќе ве молам “.

Автоматски девојчето кое им пречеше, стана потрошувач. Ги извадив последните педесет денари од мојот паричник и платив. Колку толку ја заштитив од киснење на дождот. Ја седнав до мене.

Сите ме гледаа со гадење, не сфатив зошто.

Девојчето беше зборлесто и ми се обрати:

„Батко ти иако немаш пари имаш големо срце, не си како оној начешланиот кој не сака да помогне, а може, јас не му барав пари, само леб да јадам, не ми даде, но Господ тебе ќе ти даде бидејќи ми помогна, ќе видиш!“ и лапаше лакомо од ѓеврекот.

Ме запраша како се викаат моите родители, чудно прашање си помислив, но и кажав и тогаш ме срамна со земјата.

„Господ да ти ги поживее, биди благодарен што ги имаш, јас немам никого, се влечам по улици по домови, барем еднаш да ја почувствував топлината на домот како што ја чувствувам сега топлината на овој ѓеврек.“

Немав сила а да не заплачам, ја прегрнав.

Ме оттурна велејќи „Не сум чиста, ќе ти ја извалкам облеката“.

Не го прифатив нејзиното одбивање и ѝ реков: „За почиста немам слушнато “.

И останавме така во неколку минутна прегратка на општо гадење на сите околу, но не ми беше грижа. Таа ми ги отвори очите за работите кои ги земам здраво за готово.

Семејство, пријатели, дом, топлина, љубов... во општеството звучи нормално и секојдневно, но дали сме свесни што би било кога сето тоа би го немале?

Малото девојче ме натера да размислам за сето тоа и тоа беше лекција која вредеше многу повеќе од ѓеврекот и јогуртот, јас и бев должник, а не таа мене како што сите помислија.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg