11 знаци дека го трошите животот без да забележите

Дали како дете сте сакале да бидете астронаути кога ќе пораснете, пејачи или инженери, дали сте сакале да го промените светот?

11-znaci-deka-go-trosite-zivotot-bez-da-zabelezite-01.jpg

Денес, како возрасни индивидуи имате поинакви гледања на животот, но дали некогаш сте се запрашале зошто не успеавте да ги остварите своите соништа?

Ова се 11 знаци дека можеби го трошите вашиот живот, но не сакате тоа да си го признаете:

1. Трошите премногу време правејќи непотребни работи

Видео игри, телевизија, сурфање на интернет, премногу јадење, премногу пиење... Погледнете го својот живот. На што најмногу трошите време и дали тоа ви помага, односно дали тоа води кон подобар живот? Доколку одговорот е не, тогаш треба да ги преиспитате вашите рутински активности и да направите промени.


2. Често се жалите

Дали сте едни од оние луѓе кои постојано се жалат за работата, шефот, платата, соседите или љубовниот живот? Доколку го правите тоа не правите ништо позитивно, само зрачите со негативна енергија. Негативноста не ги менува работите. Променете ги вашите мисли и зборувајте за она што го цените во вашиот живот, а не за она што не ви се допаѓа.


3. Не го храните вашиот ум

Ако не го храните вашиот ум со учење, тогаш сте во стагнација. Вашиот ум постојано треба да биде активен со учење на нови работи. Позитивните предизвици во вашиот живот ќе се прошират и на вашиот ум. Не бидете мрзливи и не се плашете од нови работи.


4. Немате инспирација

Дали имате страст за нешто? Сигурно постои нешто во што можете да уживате. Треба да го откриете она што ве возбудува и да уживате правејќи го тоа.


5. Немате планови за иднината

И покрај тоа што секогаш треба да се живее во сегашноста и во моментот, понекогаш треба и да се погледне напред, за да видите каде сакате да одите. Ако немате некоја цел или план, тогаш сте како брод кој бесцелно плови во океанот со надеж дека ќе заврши на некое добро место. Иднината се гради чекор по чекор, треба да имате план и трпение, а не само надеж дека работите ќе се средат сами по себе.


6. Поминувате премногу време со луѓе кои не придонесуваат за вашиот развој како личност

Лесно е да се дружите со луѓе кои не прават да се чувствувате како подобра личност. Но, доколку продолжите да се дружите со овакви типови на личности никогаш нема да напредувате.


7. Зависни сте од вашиот телефон

Мобилните телефони се интересни алатки кои можат да ве забавуваат, а исто така се и корисни. Но, не треба да трошите премногу време играјќи си со вашиот телефон, подобро е тоа време да го трошите на разговори со луѓето, особено доколку седите во иста просторија. Мобилните телефони ве дистанцираат од луѓето, а исто така, прават да изгледате недостапно или незаинтересирано за светот околу вас.


8. Трошите пари на неважни работи

Постои разлика помеѓу "потреба" и "сакање." Погледне ги работите кои ги имате купено овој месец, колку од тие работи навистина ви биле потребни, а колку од нив едноставно сакавте да ги имате, без одредена причина. Доколку направите разлика помеѓу работите кои ви се потребни и кои можат да не се купат, ќе заштедите многу пари кои можете да ги инвестирате во иднината.


9. Не спиете доволно

Спиењето е од клучно значење за доброто здравје. Ако сте премногу зафатени да се наспиете или ако едноставно имате лоша навика да останувате будни до раните утрински часови, треба да ги преиспитате вашите навики.


10. Не се грижите за вашето тело

Консумирање на балансирана, здрава храна и движење на телото имаат многу позитивни ефекти врз него.


11. Го живеете животот кој не го сакате

Успехот се мери со среќа... Дали сте среќни? Ако не сте, тогаш треба да смените нешто! Животот треба да биде возбудлив.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каде се денес ѕвездите на М2 продукција: Што прават сега Сакине, Џеват, Александра Пилева, Игор и Са... Џеват, Александра Пилева, Сакине, Игор Узунов и Сања Лефкова се само дел од пеја...
Угро, Искра Трпева: Кои се подзаборавените македонски ѕвезди чии песни се хитови и денес? Угро, Искра Трпева, Дарко Илиевски, 4Play се само дел од оние што ги испеаја нек...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
2-ри мај и денес ме потсетува на излет, скара и денот кога го запознав Ричард Гир на Водно Се сеќавате дека до пред 15-тина години Денот на трудот се празнуваше на 1-ви и ...
Животот може да почне и по 40-тата, ако го разбудите детето во себе Животот може да започне апсолутно во секое време. Понекогаш сè што треба да напр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg