6 златни правила за соочување со промените во животот

Минатата година, по раскинувањето со долгогодишниот партнер и долгомесечното барање на работа, се чувствував беспомошно.

6-zlatni-pravila-za-soocuvanje-so-promeniote-vo-zivotot-v2.jpg

Од некоја причина имав потреба моето чувство на беспомошност да го споделувам на социјалните мрежи. Нешто чудно се случи тогаш – пријатели со кој одамна немав зборувано ми се јавија, луѓе кои воопшто не ги познавав имаа потреба да ги споделуваат сличните искуства.

Генералниот одговор беше „се чувствувам исто како и ти“.

Дали ми недостасуваше нешто? Се чувствував како неуспешна личност. И повторно ќе се запрашам себеси: Дали ми недостасуваше нешто во животот? Дали пропуштив некое правило за среќа и успех?

Одговорот беше едноставен: Неизвесноста убива.

Ние сме анксиозни суштества по природа. Сетете се на ова, уште од почетоците на човештвото сме се плашеле од темнината. Зошто? Длабоко во себе се плашиме од непознатото и од неизвесноста која ја носи непознатото, а тоа е претставено со темнината.

Нашиот инстинкт за преживување ни вели дека сигурноста е единствената работа која ни е потребна во животот, а беспомошноста во ниту еден случај не може да се поврзе со сигурноста.

Па како можеме да си помогнеме?

Проучете ја вашата беспомошност – што таа значи?

Беспомошноста е интензивно чувство, а нејзиното проучување е прилично непријатна работа, но во секој случај важна.

Го изгубив долгогодишното момче и никако не можев да најдам работа. Се чувствував изгубено, но зошто? Реалноста беше дека го имав изгубено мојот идентитет. Отсекогаш се очекуваше од мене дека кога ќе дипломирам веднаш ќе најдам стабилна работа и ќе водам живот каков што се очекува.

Но, работите не се одвиваа по планот.

Нашиот идентитет го ограничуваме со еднолични приказни, со бинарни инстанци и ако не успееме во нашите планови се чувствуваме беспомошно. Длабоко во себе убедени сме дека ако не го живееме животот кој се очекува да го живееме, не сме успеале.

Затоа важно е да ја истражиме нашата беспомошност. Од што навистина сме исплашени? Дали овој страв е реален? Анализирајте ги вашите емоции, и така ќе можете да се соочите со нив.


Започнете од почеток со најмалите работи

Околностите се менуваат со текот на времето, па можеби во овој момент не се наоѓаме онаму каде што сакаме да бидеме, но тоа не значи дека засекогаш ќе останеме токму на ова место, токму во ова време и токму во оваа состојба.

Започнете од малите работи. Што најпрво можете да завршите? Вдишете длабоко, заборавете на стравот и стресот, и фокусирајте се на малите чекори. Ако сте под стрес, излезете на прошетка. Работите звучат едноставно, нели? Ова е одличен почеток за да се соочите со вашите емоции, да научите да ги контролирате и да направите некаква промена во вашиот живот.


Спротивставете се на лошите навики, на зависностите

На истиот начин на кој ја доживуваме анксиозноста, така секој од нас поседува и по некоја лоша навика, зависно однесување. Некои од нас се зависни од интернетот, некои пак, кога се под стрес сакаат чоколадо...

Истражете ги вашите лоши навики и откријте како можете да ги промените. Откријте начин како можете да ги замените со нешто корисно. Исто како и вашите стравови, уловете ги лошите навики и еднаш засекогаш ослободете се од нив.


Престанете да бидете зафатени

Барем еднаш обидете се да седнете и да научите да уживате во тишината. Барем за пет минути.

Технологијата постојано ни го држи умот зафатен, а тоа не оттргнува од нашите емоции – забораваме на работите кои навистина значат. Знам од лично искуство, поедноставно е да се приклучиш на Фејсбук и да заборавиш на проблемите.

Но така, само ги затскриваме проблемите, не се ослободуваме од нив. А добро знаеме, скриените проблеми имаат тенденција да нараснат.

Па затоа, од најголема важност е да се научите барем неколку минути во текот на денот да седнете во мир и тишина и да размислите за вашите емоции, за вашиот живот.


Променете го начинот на кој размислувате за проблемите

Запомнете дека она низ кое минувате во овој момент е привремено, кога тогаш ќе се промени.

Промената е единствената константна работа во нашиот живот. Ова колку и да звучи страшно е реалност која мора да ја прифатиме – колку побрзо, толку подобро.

Хаосот е почеток на создавањето.


Не заборавајте на вашето тело

Промените носат збунетост и болка, болка која најчесто се ја доживуваме како физичка. Па затоа, од голема важност е да најдете начин како да се ослободите од анксиозноста и стресот.

Вежбајте, тоа единственото решение, не само што ќе ги исфрлите негативните емоции, туку и ќе бидете поздрави.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на приредба во градинка – не можев да ја видам ќерка ми од мобилните телефони Децата и учителките беа супер, ама родителите... Е тоа е посебна приказна. Секој...
Ги избришав од животот луѓето кои немаат време за мене „Направив мал експеримент. Престанав да се јавувам. Престанав да ги посетувам. Ц...
Чудотворни места во Македонија за жени кои не можат да забременат - Сливничкиот манастир, „трудното ... Многу легенди, митови и вистински приказни се раскажуваат и пренесуваат од ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Од Македонија го пропатував половина свет - Што научив од моите соло патувања? Како да беа вчера деновиве кога сам кампував низ различни земји, кога без интерн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg