Дневник на една жена: Како да научите да бидете среќни секој ден?

Поминаа и Св. Валентин и Денот на жената – сите среќни денови кога зборуваме за љубовта и подароците, давањето за другите и зборот кој барем почесто се изговара „благодарам“.

dnevnik-na-edna-zena-kako-da-naucite-da-bidete-srekjni-sekoj-den-01.jpg

Меѓутоа, колку навистина ја сфаќаме благодарноста? Научени сме од култура да кажеме благодарам, но дали навистина го разбираме тој збор?

Кај нас уште од многу мала возраст се учат децата како да бидат благодарни и во некои „лоши“ моменти нè критикувале дека не сме благодарни, па самите себеси сме се јаделе однатре, бидејќи како мали не разбираме што сакаат да ни кажат возрасните.

А, понекогаш и во истите тие возрасни кои нè критикуваат не можеме да видиме пример за благодарна личност.

Многупати и мене ми се случило да слушнам дека не сум благодарна за тоа што го имам, дека не го ценам тоа и зошто сакам нешто повеќе.

Долго ме мачеше тој однос на благодарност и желбата за нешто повеќе, а еднаш многу одамна одлучив дека ќе ги слушам и применувам советите на среќните луѓе. Па затоа, одлучив да ги тестирам тие совети на себе и свесно да почнам да ја „применувам“ благодарноста во дело.

Благодарноста е метода која се учи, па затоа почнав да ја користам онаа наједноставната која милион луѓе на светот ја применуваат на оваа наша прекрасна планета, оние кои добиваат втора шанса за живот.

На почетокот почнав да водам дневник на благодарноста кој го пополнував навечер пред спиење и во кој запишував по 3 до 5 работи за кои сум благодарна тој ден.

За неколку дена, да бидам искрена, повеќе немав потреба да го водам тој дневник, бидејќи свесно почнав да чувствувам благодарност и во текот на денот.

Некогаш тоа беше заради прекрасното време, сочниот чоколаден колач, некои весели вести, добри песни... па, и не е важно за што беше.

Потоа почнав секое утро кога ќе ги отворам очите да бидам благодарна за тоа што сум се разбудила тој ден, што се наоѓам во супер удобен кревет, што момчето спие покрај мене, што сум здрава.

Почнав и да посакувам убав ден на сите околу себе, а и на себе. Така го започнував новиот ден со добри и позитивни емоции.

dnevnik-na-edna-zena-kako-da-naucite-da-bidete-srekjni-sekoj-den-2.png

Среќните луѓе се благодарни луѓе – благодарните луѓе се среќни луѓе

Оваа навика брзо се шири, па ме доведе до тој степен да бидам благодарна и за „лошите“ ситуации. Зошто? Затоа што станав свесна дела тие ситуации се само контраст – како дождот и облаците пред појавувањето на сонцето, како ноќта пред пристигнувањето на денот, како нешто што најмногу ми помага на патот кон мојот личен раст и како нешто што ме тера повеќе да ги ценат „добрите работи“.

Благодарение на тоа и добрите работи во мојот живот започнаа почесто да пристигнуваат. Онака како што ги наградуваме нашите деца со големи чоколади, бидејќи се благодарни и за помалите, така и животот нè наградува со големи работи, бидејќи сме благодарни за оние најмалите.

„Грешка“ која луѓето најчесто ја прават е тоа што гледаат на желбите и фантазиите како на неблагодарност. Всушност не се желните тие кои не доведуваат до болка, туку колку силно сме поврзани со нив и колку силно сме уверени дека нешто не ни е доволно.

Колку само ми беше полесно кога сфатив дека е сосема нормално да имам милион мали и големи желби секојдневно, колку е добро да се фантазира и дека сè додека сум жива постојано ќе посакувам нешто.

dnevnik-na-edna-zena-kako-da-naucite-da-bidete-srekjni-sekoj-den-3.png

А, како да се ослободите од врзувањето за желбите? Преку благодарноста. Благодарноста е она што го имате моментално, а потоа на нас останува да се трудиме да го оствариме она што за нас е најдобро.

Па, што значи да се биде среќен во животот? Прво треба да одлучите да бидете среќни и да научите да ги слушате вашите емоции. Тогаш да научите да бидете благодарни за сè што ви се случува во животот и да се фокусирате на работите кои ќе ви го подобрат.

Нашата најголема одлука во животот е да одлучиме дали живееме во пријателски или непријателски свет.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Носталгија за едно минато време – се грижевте ли вие за ваков Тревко? Некои го викаа Тревко, а оваа декоративна пченица беше совршен начин за децата о...
Честитки, го преживеав ретрограден Меркур: Ќе скршев нога на паркинг во Скопје, ми пиша девојката на... „Пред неколку вечери на Вибер ми стигна порака од девојката на мој поранешен деч...
Скопска пешачка (не)култура - зошто да чекам на црвено? Секое утро додека одам на работа и секое попладне кога пешачам накај дома, ја гл...
„Моето дете стана прваче во скопско училиште - Колку е тежок товарот на 6-годишно дете?“ На ќерка ми ѝ облеков фустанче у хулахопчиња, ѝ ја средив фризурата и тргнавме. ...
Антониа Гиговска за CRNOBELO лексикон: „Прв симпатија ми беше наш познат пејач“ „Дали е мана не знам, ама лесно се заљубувам. Нормално, ако тој некој има нешто ...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg