Највредниот совет од мојата мајка: Чувај ги пријателките. На жените секогаш им се потребни други жени

Една млада жена која штотуку се омажила, дошла во посета на својата мајка. Седнала на фотелјата додека пиела леден чај и започнала разговори за животот, бракот, одговорностите и обврските на зрелите луѓе.

najvredniot-sovet-od-mojata-majka-cuvaj-gi-prijatelkite-na-zenite-sekogas-im-se-potrebni-drugi-zeni-01.jpg

Мајката замислено ги промешала коцките мраз во својата чаша, за одлучно да ја погледне својата ќерка и да изусти:

„Немој никогаш да ги заборавиш твоите пријателки. Тие ќе ти бидат се поважни како што ќе старееш. Колку и да го сакаш својот сопруг, своите деца, тие сепак ќе ти бидат потребни. сети се да излезеш и да поминеш време со нив. И запамети дека твоите пријателки не се само пријателки, тие се твои сестри, твои ќерки и твои роднини. Ќе ти бидат потребни други жени. На жените секогаш им се потребни други жени.

„Каков совет... Зарем сега кога се омажив и зачекорив во светот на заљубените парови, ти ми го кажуваш ова? Јас сум возрасна жена. Не сум тинејџерка на која и се потребни пријателки. Мојот сопруг и моето семејство ми е единственото нешто што ми е потребно за животот да има смисла.“

Но, сепак, за некое чудо ја послушала својата мајка и се потрудила да го одржи контактот со неколкуте пријателки.

Како што годините одминувала, полека ја сфаќала поентата на советот.

Во своите 40-ти научила:

Времето поминува. Животот се случува. Дистанцата раздвојува. Децата растат. Љубовта избледува. Срцата се кршат. Работите доаѓаат и си заминуваат. Кариерите завршуваат. Родителите умираат. Колегите ги забораваат услугите. Мажите имаат свој свет.

Но, пријателките остануваат, без оглед на времето и километрите.

Додека мислиш дека мораш да го одиш животниот пат осамена, твоите пријателки ќе бидат тука, покрај патот, навивајќи, молејќи се за тебе, туркајќи те и чекајќи те на крајот од патеката. А, понекогаш и ќе ги прекршат правилата за тебе.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Носталгија по детство – игравме џамлии, правевме шатори, повикувавме духови и се натпреварувавме во ... Пред неколку седмици, во домашна атмосфера, се собравме неколку пријатели – сите...
Сеќавање на едни други времиња: „Чуда на технологијата“ што ни го правеа животот полесен во 90-тите На колкумина од вас сѐ уште им одѕвонува звукот од старите радио-аларми што нѐ б...
Миа Костова за CRNOBELO лексикон: „Ме задеваа во основно, знаев да 'изедам' и некоја клоца“ „Ме плашат смрт, болест, загуба на блиски, ајкули, земјотрес…“ - Миа Костова се ...
„Ми се одмили Козјак за викенд, но бев во работен ден и беше идилично“ „Отидов после работа и на Козјак ме пречека спокој каков што не очекував. Немаше...
„Кога бев студент - пиевме кафе во Мавровка, приемните беа кошмар, а одевме на забави во Стив, Гоце ... Првата 10-ка никогаш не се заборава, тоа е таа гордост и мотивација. Во моите ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg