Тест за логично размислување: Може ли една баба да помине река полна со крокодили?

Во еден универзитет се одржало тестирање кое имало за задача да ја открие способноста за логичко размислување меѓу студентите.

Zabaven-test-za-logicko-razmisluvanje-kaj-studentite-01

Првото прашање кое го поставил професорот било:

„Во авион има 50 цигли. Една од нив случајно паднала... колку останале во авионот?

Еден од студентите осговорил:

„Тоа е лесно, останале 49.“

„Точно“ - потврдил професорот и продолжил: „Како ќе ставите слон во фрижидер во 3 потези?“

Друг студент одговорил: „Ќе го отворам фрижидерот, го ставам слонот внатре, го затворам фрижидерот“.

„Добро, следно прашање: Како ќе ставите елен во фрижидер во 4 потези?“

„Ќе го отворам фрижидерот, ќе го извадам слонот, го ставам еленот, го затворам фрижидерот.“

„Одлично, следно прашање: Лавот слави роденден, дали сите животни се присутни на забавата?

„Не, еленот е сè уште во фрижидерот.“

„Браво“ - рекол професорот: „да продолжиме понатаму. Може ли една баба да помине река полна со крокодили?"

„Секако, треба само да ја преплива реката, бидејќи крокодилите се на роденден кај лавот!“

„Точно така. И последното прашање: на крајот, бабата умира... зошто?

„Можеби се удавила...?“ – збунето одговорил еден студент.

„Погрешен одговор! Ја погодила циглата која падна од авионот!“

„Никој не го положи испитот! Ве чекам на следната сесија!“ - рекол професорот и ја напуштил просторијата.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Asl pls“ - Дали мирцавте кога бевте тинејџери?  Ах, се сеќавате ли кога секој разговор почнуваше со иста шема: Zdr - Zdr. ...
Од Македонија го пропатував половина свет - Што научив од моите соло патувања? Како да беа вчера деновиве кога сам кампував низ различни земји, кога без интерн...
Моника Црнокрак за CRNOBELO лексикон: „Спијам со чорапи дури и во лето“ „Еднаш им го сокрив клучот од колата на моите под душеците од троседот и не им к...
Носталгија по детство – игравме џамлии, правевме шатори, повикувавме духови и се натпреварувавме во ... Пред неколку седмици, во домашна атмосфера, се собравме неколку пријатели – сите...
Бев на приредба во градинка – не можев да ја видам ќерка ми од мобилните телефони Децата и учителките беа супер, ама родителите... Е тоа е посебна приказна. Секој...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg