Кога сте загрижени дека нема да ја најдете вистинската личност...

Што кога после долги години потрага, одеднаш станувате сигурни дека никогаш нема да ја пронајдете онаа вистинската, длабока љубов?

koga-ste-zagrizeni-deka-nema-da-ja-pronajdete-vistinskata-licnost-01.jpg

Тоа е тажна работа на која ве терам да размислите, свесна сум за тоа. Веројатно сте се надевале дека ќе го/ја запознаете „вистинскиот/ата“ или барем некој сличен на таа личност со која можете да го поминете целиот ваш живот.

Знам. Знам...

Не сте како другите. Не верувате во сродни души. Но, и покрај тоа сте очекувале дека ќе запознаете некој кој вреди за вашето внимание.

Некој покрај кој сакате да се стуткате на крајот од долгиот ден, некој кој ќе се грижи за вас кога сте болни, некој кој ќе ги слуша вашите приказни попладнето по работните часови.

Сите ние се надеваме на тоа. Луѓе сме.

Затоа што, постои една работа која важи за љубовта – постојано влијае на нашиот живот. Презираме кога треба да го признаеме тоа.

Но, љубовта раководи со сите наши реакции, движења и однесувања, дури и тогаш кога не сме свесни за тоа. Љубовта е причината поради која ги купивте фармерките минатата недела. Причината поради која сакате да правите скара секој викенд. Причината поради која некогаш се чувствувате несигурни или исплашени за сè што ви се случува.

Љубовта е таа која ги инспирира најголемите промени.

Па, ако знаете, со неоспорна сигурност, дека вистинската љубов никогаш нема да ви тропне на врата, никогаш нема да биде ваша, дали ќе го живеете животот поинаку? Како ќе ја променевте вашата дневна рутина? Какви ќе беа вашите долгорочни планови?

Првиот одговор веројатно ќе ви биде „ништо“. После сè, вие сте паметна личност. Имате свои планови кои не вклучуваат друга личност, кои не зависат од нечие друго влијание. Но, размислете неколку минути.

Бидејќи, еве што не сакаме да признаеме за љубовта: таа е како патерица која постојано ја употребуваме. Идеја дека некој некогаш и некаде ќе нè сака со сите наши маани. Посакуваме некој ненадејно да се појави и да нè ослободи од најмрачните часови, да нè спаси. Тогаш сè ќе правиме поразлично.

Што ако знаете дека љубовта никогаш нема да биде ваша опција? Како ќе го организиравте остатокот од вашиот живот? Ќе се фокусиравте на кариерата? Или ќе го користевте времето за личен развој и остварување на сопствениот потенцијал?

Ако знаевте дека никогаш повторно нема да го почувствувате напливот на елан кој доаѓа со романсата, каде ќе ја баравте вашата возбуда?

А, што е со другите односи? Ќе поминувавте повеќе време со семејството, ако знаевте дека тие се луѓето кои најсилно ќе ве сакаат до крајот на вашиот живот? Што е со вашите пријатели? Дали ќе се грижевте повеќе за луѓето кои ги сакате платонски? Ќе им дававте до знаење колку многу ви значат?

Сакам да потенцирам дека според мене ако знаевме дека никогаш нема да ја пронајдеме вистинската љубов, тоа значително ќе ни ги смени животите на повеќето од нас.

На почетокот можеби да гледаме на ситуацијата како на катастрофална, но мислам дека потоа доаѓа слободата, без страв дека ќе завршите сами, кога можностите се бескрајни.

Љубовта нè ограничува на бесконечно различни и суптилни начини, а само гаранцијата за нејзиното отсуство е крајна смисла на ослободувањето.

Затоа што ако не се концентриравме да ја бараме љубовта во нашиот живот, конечно би биле слободни да сфатиме дека сме слободни на себеси да гледаме како на најсакана личност, најинтимен љубовник...

Можеме да ги конструираме совршените души, токму во себе.

Треба да започнеме повеќе да го почитуваме она кое сами си го носиме во животот, бидејќи ироничната вистина е дека сме најпривлечни, тогаш кога не сме загрижени за тоа кого треба да привлечеме.

Тогаш кога го живееме животот, полни со слобода и самодоверба. Со енергија која не го менува само нашиот живот, туку и животот на луѓето околу нас.

Па, престанете со потрагата по „Вистинскиот/ата“ со која ќе го поминете целиот ваш живот. Бидете Вистинскиот/ата.

И дозволете сите останати да дојдат и да ве побараат...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Носталгија за едно минато време – се грижевте ли вие за ваков Тревко? Некои го викаа Тревко, а оваа декоративна пченица беше совршен начин за децата о...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
Некогаш на учителките им носевме каранфили, денес ваучери за шопинг: Дали претеруваме за 8 Март? „Се сеќавам, кога бев во основноо, немаше натпревар кој ќе ѝ купи поубав или пос...
Го глумеа и Господ и ѓаволот во Македонските народни приказни, но пораката беше иста: „Доброто со до... Македонските народни приказни нѐ научија дека Господ секогаш води сметка за наше...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Цеце Николова за CRNOBELO лексикон: „Посакувам да имам свој дом“ „Неодамна купив еден добар џогер. На секое чистење си велам - најдобрата инвести...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg