Мудра приказна за 20 секунди: Во животот се смеат само оние кои се држат за рака

Еден човек здогледал неколку дечиња на крајбрежјето како градат кула од песок.

mudra-prikazna-za-20-sekundi-vo-zivotot-se-smeat-samo-onie-koi-se-drzat-za-raka-01.jpg

Баш кога ја завршиле замислената кула, на чија изработка потрошиле неколку часа и многу трпение, дошол бран и ја срамнил кулата со останатиот песок.

Човекот очекувал солзи, бес и врескање.

Но, за негово чудење, децата станале, се фатиле за раце и почнале да се смеат. Малку подоцна, почнале да градат нова кула.

Тогаш сфатил:

Сите работи во животот кои ги создаваме и во нив вложуваме многу време и енергија, се создадени од песок. Трајни се само нашите односи со луѓето.

Порано или подоцна, ќе надојде бран кој ќе го однесе она што сме го граделе со многу труд.

Кога тоа ќе се случи, ќе можат да се смеат само оние кои имаат со кој да се држат за рака.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Од кога скапата кожена јакна и брзината на мотоциклот кажуваат за тоа каква девојка тој треба да има... Понекогаш се прашувам: „Што е со нас луѓето? Каде сме си го загубиле компасот, п...
„Патлиџан турист“ е балкански синдром - На светските плажи никој не осудува, не му е гајле што јадеш... Додека на Балканот се води интернет војна со сите полемики околу „патлиџан турис...
Чекаме некој да се најде во амбисот за да му подадеме рака - Каде отиде хуманоста? Заборавивме да си помагаме без да очекуваме едната или другата страна да го поба...
„Asl pls“ - Дали мирцавте кога бевте тинејџери?  Ах, се сеќавате ли кога секој разговор почнуваше со иста шема: Zdr - Zdr. ...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Носталгија - како родените во поранешна Југославија го поминуваа детството? Децата по цел ден играа надвор. Вода се пиеше од црево, а сок од исто шише и чаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg