Ќе ги искорениме ли некогаш лицемерите од нашиот живот?

Луѓето знаеа како да си го исчистат своето име и вината да ја префрлат на некој друг.

dali-ja-imavme-taa-kontramagija-za-da-gi-iscistime-licemerite-od-nasiot-zivot-001.jpg

Луѓето кои многупати повредуваа и знаеја како да го одглумат лажното извини, беа искусни во менување на маските и беа повеќе од среќни кога успеваа да ја натераат чистата човечка душа да потпадне под нивните лажни зборови.

Беа способни да го натераат оној кој никогаш не треба да прости, да каже „ти простувам” за да започне нивната веќе изгледана епизода уште еднаш од почеток.

Како да не можевме да сфатиме дека тие нема да се променат, како да бевме доволно наивни за тоа да ни се случува постојано.

Ја обожававме таа игра со ѓаволот и тоа константно патување до пеколот иако постојано ни беше топло и непријатно.

Како да сакавме да се себеповредуваме, како да не знаевме да го завртиме својот грб и да кажеме доста е. Што беше она што не тераше да останеме?

Зарем едно лажно „извини” или „ми недостасуваш” од луѓето кои ни го превртеле светот наопаку, ни ги уништиле сите надежи и вербата во обичниот човек, беа доволни за одново да им веруваме и покрај сета таа болка која ни беше нанесена?

Како да ги заборававме сите солзи, како да бевме маѓепсани од нивните зборови, како да не знаевме за гордост, како да не знаевме за самопочит.

Постоеја моменти кои се повторуваа одново и одново, моменти кои предизвикуваа нашето тело да доживее емоционално кршење, а потоа одново истото оправдување, од истиот човек, на ист начин. Зошто воопшто им дозволувавме да се искажат?

Не можев да го објаснам тој феномен на човечка наивност и таа слабост кон злонамерниците во нашиот живот. Пробував да најдам некоја поврзаност, се прашував зошто во тие моменти ни недостасува тој сочен речник на пцовки за да го упатиме на нивна адреса.

Се прашував колкупати треба да бидеме повредени на истиот начин за конечно да сфатиме дека луѓето кои се такви фабрички, не можат да бидат променети?

До кога ќе ја игравме таа валкана игра на ѓаволот, надевајќи се дека неговите рогови ќе исчезнат, до кога ќе бевме широкогради да простуваме?

Зарем не можевме да научиме дека оној кој еднаш нанел зло, нема никаква причина тоа да не го направи одново? Оној кој еднаш лажно се извинил, може тоа да го направи уште сто пати.

Каде беше нашето рационално размислување во тие моменти?

Се прашував дали некогаш, можеби после стотиот пат, кога ќе плачеме седнати во ќошот на нашата соба ќе сфатиме дека не сме ги заслужиле тие солзи. Дека не сме ги заслужиле тие зборови и тие дела од оној кој бил до нас, а ги нанел без да му трепне око.

Дали ќе имаме сила и дали тогаш ќе престанеме да имаме надеж во оние кои повредуваат, да им ја треснеме вратата пред нос, да ги испратиме без да се двоумиме?

Дали бевме способни да ги натераме да го голтнат тоа лажно извини и да ги исчистиме од нашиот живот без потребата повторно да се вратат? Дали ја имавме таа контрамагија која требаше да ги искорени лицемерите од нашиот живот за конечно да бидеме среќни?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg