Епилог на последните средношколски денови

После толку години и мене конечно ми дојде времето да го завршам средното образование. Не, премногу формално звучи... 

epilog-na-poslednite-srednoskolski-denovi-01

Кхм, кхм, После сето ова време еве и јас завршив – матурирав. Добро, уште не матурирав бидејќи не полагав, ама се надевам дека ќе положам, поточно се молам дека ќе положам.

Чудно ми е. Навистина сум зачудена колку брзо можат четири години да ти пролетаат. Да не ги почувствуваш, да ти летнат без трошка срам и перде и да не ти се вратат никогаш.

Велат дека следат најубавите години во мојот живот.

Се паметам себеси како мало и амбициозно дете кое уште од основно сонуваше за факултетските денови. Место во кое ќе може да се изрази како слободна индивидуа, со остроумни мисли и ќе запознае тон нови различни култури и профили на луѓе.

Сум се залетувала малку, знам, сега ми е јасно.

Навистина се изненадив колку може психата да напредне во рок од една година. Колку може да се промени начинот на гледање на работите, да се развие чувството за последица, да се носат подобри и поделотворни одлуки и секако, да се зголеми одговорноста.

Претходно пишував како е мачно да се биде возрасен кога си уште дете. Сега пишувам како е мачно да заминеш од школската клупа. Е мачно е. Ха, некогаш си велам: „Да паднам некоја година, па да си останам средно.“ Ама не оди тоа така во животот.

Денес е важно што професорот не ме станал, што сме се искарале и што не ми ја пишал посакуваната оценка. Утре ништо од тоа нема да има никакво значење.

Според мене, целта на средното не е да ги прошириш знаењата, туку да се подготвиш за да станеш возрасен. Да научиш дека на час не се доаѓа 20 минути подоцна, (што очигледно јас уште не сум научила и се прашувам како ќе стигнувам на предавања во иднина) и дека солидарноста е важна, но не најважна (бидејќи секогаш ќе се најде некој кој ќе „зафркне“).

Матурата не е фустанот и ноктите, ниту костимот и елегантните обувки (кaко за на свадба, кои реално скоро ниедно момче не сака да ги носи). Матурата е ретроспектива и дел од последната фаза на формирање на личноста.

Средно се сите пати кога седевме „Драго“(кое веќе ни тоа не постои). Средно се сите часови физичко кои не ги одржавме, сите предавања математика од кои бегавме. Средно се спомени. Чисти и убави спомени од кои знам дека само убавите ќе се паметат.

Не велам дека беше „розово“, велам дека си имаше свои моменти кога не беше толку катастрофа. Средно не е учење за испрашување, средно е тресењето глупости и разговори со професорите.

Имав среќа да живеам во мал град, каде секој професор има шанса да те запознае. Имав навистина добри професори од кои научив многу за животот, се развив како писател и научив да попуштам т.е. не може секогаш да биде по мое (иако, пак во 90% од случаите си го терав своето).

Освен добрите, секако дека имаше и некои ужасни кои ги мачеа комплекси и се истураа на децата ( за жал, ни јас не бев исклучок). Но тие и така ќе останат запаметени – млади или стари, но огорчени.

Поздрав,

Бидејќи јас отидов да учам за матура (лажам, одам да се спремам за екскурзија).

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не чекајте да остарите за да почнете вистински да живеете Таа на 5 години во огледало гледа принцеза, на 20 е незадоволна од изгледот, на ...
„Го пронајдов стариот дневник за готвење на мојата баба – пиварки, орасници, торта со ореви“  Порано вкусот на тестото кое било испечено во старата печка на дрва, ореви...
Каде се и што прават денес членовите на групата „Магија“? Јован Јованов е во Канада, Зоки Стаменковски во Сиднеј... Каде се и што прават д...
Плажите на Вардар, езерото Треска и базенот под Кале - Носталгија за скопските лета Скопје и лето, тоа е таа пеколна комбинација, од која секоја сака да избега што ...
Мајка сум на две деца - зошто мразам кога луѓето ме прашуваат зошто децата ми плачат? Нема родител што не се соочил со ситуацијата детето да му се расплаче во јавност...
Скришно ми даваше пари, не прифаќаше дека не сум гладна - Зошто сум среќна што пораснав со баба? Кој растел со баба, знае како таа скришно дава пари, чиниш е наркобос. Далеку од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg