Најтешки беа солзите кои доаѓаа при секое заминување...

Во животот сме премногу силни, барем на зборови. Секогаш ги имаме вистинските реченици за нештата, но како секогаш да ни недостигаат вистинските дела за да го добиеме најдоброто од животот.

najteski-bea-solzite-koi-doagaa-pri-sekoe-zaminuvanje-01

Како да сме немоќни да ја покажеме храброста кога ќе дојде вистинското време и како да ги губиме петте минути од нашиот живот залудно, останувајќи во сенка.

Отсекогаш мислев дека заминувањето е една од најлесните работи кои може човек да ги направи. Но, денес додека редам парче по парче облека во мојот куфер сфаќам дека со секоја минута како што се приближувам до времето на мојот лет, телото е малку потешко, душата сè попразна, а солзите сè поприсутни.

Кога ќе се завртам и ќе ги погледнам овие ѕидови кои го формираат моето домашно огниште сфаќам дека не се само градежен материјал, сфаќам дека низ нив е испишана мојата историја. Сѐ она што знам, сѐ она што го дефинира моето постоење е запишано низ овие цигли кои некогаш мојот дедо со пот ги редел за да го создаде, а јас избрав да го напуштам.

Имам некоја меланхолија во себе, наместо да се чувствувам исполнет со авантурата која ја одбирам, јас чувствувам болка за она што го оставам. Сите тие лица, сите тие зборови, разговори, целото тоа испраќање е само уште една станица која сакам да помине побрзо, бидејќи само допринесува за мојата депресивна состојба.

Легнувам на креветот и го чувствувам мирисот на омилениот детергент на мајка ми, се прашувам дали таму постелнината ќе го има истиот мирис, зјапам низ прозорот во природата, бидејќи тоа е мојот омилен прозор кој гледа кон планината и се прашувам дали некогаш ќе најдам такво зеленило.

Подготвен сум, барем кога станува збор за наместениот куфер и средените документи. Со пасошот во рацете и со празнина во душата. Ве гледам и не сакам да ги сретнам тие расплакани очи, не сакам да ги видам вашите раце како мавтаат на аеродромот. Тоа се најтешките неколку минути за оној кој заминува. Додека се возиш по скалите за твоето последно заминување, а срцата на оние кои ти значат бијат во еден исти ритам, ритамот на твоето испраќање.

Се завртувам на другата страна и пробувам да го „сетирам“ мозокот, дека солзите мора да застанат. Дека таа празнина мора да исчезне, дека не смее да постои, започнува нов живот, на ново место, нова авантура која мора да ја доживеам. Како што се движам кон моето седиште во авионот се молам да заспијам, се молам да сонувам убави работи.

Мислам дека сонот ќе ми помогне да ја најдам таа храброст, онаа истата која ме натера да заминам. Онаа која мора да се појави сега за да не бидам силен само на зборови, онаа која мора да го отстрани тој емоционален шок. Не се грижам дали ќе успеам, знам дека морам тоа да го направам, тоа е единствениот начин за да преживеам кога ќе бидам сам, далеку од се она што познавав.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
2-ри мај и денес ме потсетува на излет, скара и денот кога го запознав Ричард Гир на Водно Се сеќавате дека до пред 15-тина години Денот на трудот се празнуваше на 1-ви и ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg