Извинете жени, ама ако го трпите, тогаш самите сте виновни

Понекогаш се прашувам што се случува во нашата глава и зошто ги правиме работите на начинот на кој ги правиме, но секогаш кога ќе се обидам да дознаам што се случува во неа, се заплеткувам во мрежа на сопствените измешани мисли.

izvinete-zeni-ama-ako-go-trpite-togas-samite-ste-vinovni-001.jpg

Колку и да барам понекогаш логика за нештата, логика нема. Работите ги правиме од онака, можеби од досада, можеби од желбата да ни се случи нешто ново, иако тоа не е она што го посакуваме, но сепак ги правиме.

Тоа попладне седев во блиското кафуле и пиев кафе покрај езерото. Бев седнат на последната маса во ќошот и уживав во сонцето и звукот на брановите. Пред мене имав весник и пиев ладно нескафе со вкус на чоколадо. Во весникот имаше секакви вести за најразлични случки, но она што ми го привлече вниманието беше една текст за жените кои раскажуваат за нивните различни приказни.

Како што читав, се прашував, ако не можам да сфатам што се случува во мојот мозок, тогаш не ни сакам да пробам да сфатам што се случува во женскиот мозок. Бидејќи жените сами по себе не можеа да се разберат, колку и да звучеше тоа погрешно. Она што беше тема на контрадикции во мојата глава беше зошто жените ги трпат работите во животот?

Зошто упорно остануваат во брак во кој се несреќни, во заедница каде не постои никаква хемија, каде нема никаков основ за меѓусебна интеракција во креветот? Зошто упорно веруваат дека тие со нивната љубов ќе успеат да го променат мажот крај нив?

Повеќето од нив како да обожаваа да бидат со идиоти, како да сакаа да бидат третирани како обични кучки и да бидат искористени, а потоа да плачат додека не им истечат очите. Психологијата на жените често ги тераше да прават работи кои беа потполно нелогични, барем за мене.

Се прашував каде е тој феминизам кога треба да се спротивстават на партнерот, колку и да глумеа силни многу од нив, многупати премолчуваа. Трпеа навреди, трпеа многу работи кои никогаш не требаше да ги трпат, а кога ќе ги запрашаш зошто го правеа тоа, не знаеа ни самите.

Простуваа неверства, остануваа во врска од срам што ќе кажат другите, се грижеа за туѓата себичност, наместо да се изборат за сопствената слобода. Веруваа на лажни зборови и празни ветувања, некои дури трпеа удари и најразлично психо-физичко малтретирање и повторно остануваа во таа заедница со помислата дека тие ќе променат нешто.

Насловот на тој текст беше „Извинете жени, ама сами сте виновни” и колку и да звучи шовинистички се согласував со него. Единствената работа што требаше да ја научат е дека мажите и жените треба да бидат рамноправни. Ако жените се жалеа за својата несреќа, а не преземаа ништо околу тоа, тогаш кој е виновен? Мажот кој е идиот или жената која го трпи тој идиот?

Некогаш се чудев на некои такви животни стории, но беа вистина, а она што најмногу болеше во целата приказна беше фактот дека жените молчат, дека жените кријат и ништо не преземаат. Ако се навратам на текстот тогаш би надополнил, ако не се изборите за сопствената среќа, тогаш жени вие сте самите виновни. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg