Ова е за сите жени чиј живот не е романтична приказна

Ова е за жените чии животи никогаш не биле романтични приказни. За оние кои никогаш не очекувале дека на денот на својата венчавка ќе се пронајдат во тоа „живееја среќно до крајот на животот" или за моментот кога нивниот поглед ќе се сретне со неговиот на другиот крај од преполното кафуле.

ova-e-za-zenite-cij-zivot-ne-bil-romanticna-prikazna-0001.jpg

За сите девојки кои пораснале мерејќи го сопствениот успех според она што го постигнале за самите себе.

Ова е за сите жени кои пораснале барајќи ги соништата кои сакаат да ги остварат и личностите во кои сакаат да прераснат, а не само барајќи мажи кои би ги турнале со нога и би ги спасиле од нивната секојдневна реалност. За жените кои се надевале дека нивниот живот ќе биде трилер, авантуристичка новела, комедија и повремено еротски филм, но никогаш обична и едноставна романса. Никогаш само одраз на она што го имале да го понудат некому. Ова е за жените кои имале големи планови за главниот лик во својата приказна.

Ова е за жените кои пораснале сакајќи повеќе. Повеќе независност, повеќе знаење и повеќе можности од тоа што некогаш се надевале дека ќе постигнат. За жените кои биле учени да молчат, но сепак го пронашле гласот во себе. За жените на кои им било кажано да бидат скромни, но избрале страст. За жените кои биле учени да седат и молчат, но избрале да станат и да се борат. Ова е за жените кои никогаш премногу не мечтаеле за живот како во бајките кои ги прочитале. За жените кои одбиле дадени сценарија и решиле да напишат свои.

Ова е за девојките кои пораснале со валкани раце и изгребани колена. За оние кои сакале лично да го искусат светот со сиот свој здив, без скриени намери или амбиции да му се допаднат на некој друг. За дамите кои кон своето тело се однесувале како да е нивни храм – да учат, доживуваат, растат и постигнуваат, наместо едноставно да заведуваат и импресионираат. За жените кои сакале да бидат заведени од мистериозните тајни на светот кој ги опкружува. Ова е за жените кои знаеле дека заслужуваат да ја истражуваат страста на херојот од нивната омилена детска книга. За оние кои не чекале да дојде некој друг и да им го покаже светот.

Ова е за жените кои биле осамени. За оние кои ги почувствувале падовите и тешкотиите на животот кои немаат никаква врска со љубовта – кои гледале како нивните пријателки се омажиле, како нивите партнери си заминувале и како животот продолжувал понатаму без нив, бидејќи нивните цели не биле по мерка на другите. За жените кои со гордо крената глава и искрено срце се соочиле со осудите, свесни дека се горди на животот кој го избрале – дека сопствениот успех им значи повеќе од туѓиот и дека нивната среќа е нешто што само тие имаат право да го дефинираат. За жените кои ја почувствувале тежината на своите одлуки, но сепак ги донесувале – бидејќи знаеле каков е животот и не им било страв да го живеат со полн здив.

Ова е за жените кои се бореле да станат свои сопствени спасители, свои хероини, силни протагонисти во својата победничка приказна. Ова е за сите дами кои сами се спасиле и за хероините кои не чекале да бидат спасени. Ова е посветено на жените кои ја ценат романтиката, но знаат дека тоа не е животната среќа која ја бараат. За оние кои знаат дека нивната приказна ќе заврши дури тогаш кога ќе видат сè што сакале да видат, ќе научат сè што сакале да научат и ќе ги постигнат сите цели кои си ги поставиле во детството.

Ова е за сите жени кои знаат дека во својата животна приказна се оние кои го држат пенкалото во свои раце и ја создаваат таа приказна.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Чудотворни места во Македонија за жени кои не можат да забременат - Сливничкиот манастир, „трудното ... Многу легенди, митови и вистински приказни се раскажуваат и пренесуваат од ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg