Тајни и вистини кои постарите сакаат да им ги откријат на помладите

Што ако ги прашате постарите, оние кои имаат над 60 години: „Каков совет или тајна би им откриле на оние кои се помлади од вас“? Што мислите, какви одговори ќе добиете?

20-tajni-koi-postarite-sakaat-da-gi-otkrijat-na-najmladite-01.jpg

Прашањето се чини едноставно, но одговорите можат да ве изненадат.

Прочитајте неколку такви непроценливи одговори:

1. Луѓето секогаш велат: „Погрижете се да добиете работа која ќе ја сакате“, но тоа не е најдобар совет. Вистинската работа е онаа која понекогаш ќе ја сакате, секогаш ќе можете да ја толерирате и со кој ќе можете да ги плаќате сметките. Нема некој кој си ја сака работата по цел ден, секој ден.

2. Годините поминуваат во само едно трепнување со очите. Не се венчајте млади - живејте го животот. Прошетајте на разни места. Пробајте различни работи. Спакувајте го куферот и заминете на некое непознато место кое можете да си го дозволите.

3. Не го сфаќајте животот сериозно. Дури и тогаш кога работите изгледаат мрачни без трошка надеж, разберете дека животот е смешен и насмејте се.

4. Вистинските пријатели ќе дотрчаат и кога ќе ги повикате во 2 часот наутро, останатите ви се само познаници.

5. Најважната личност во вашиот живот е личноста која се согласила да го подели својот живот со вашиот и третирајте ја како таква.

6. Децата растат пребрзо. Максимално искористете го времето кое го имате со нив.

7. Никој не умрел посакувајќи да работи уште малку. Работете напорно, но не дозволувајте работата да ви биде на прво место.

8. Можете да живеете долго, а може да живеете и кратко - кој знае. Но, без разлика на тоа, ќе посакате повеќе да се грижите за себеси во младоста.

9. Ако животот ве уморува, само вратете се во сегашниот момент и уживајте во сè што е убаво и што ве утешува. Длабоко вдишете и релаксирајте се.

10. Јадете и вежбајте како да сте дијабетичар со срцеви проблеми кој доживеал мозочен удар. Така никогаш нема да добиете некоја од овие болести.

11. Ние сме само некое време на оваа земја. Немојте утре да се разбудите и да сфатите дека имате 60 години и не сте ги направиле работите за кои сте сонувале како млади.

12. Можеби ова не е така важен совет, но јас пак мислам дека е важен - употребувајте забен конец, проблемите со забите се ужасни.

13. Не ги сфаќајте туѓите совети како евангелие. Побарајте совет од некој кој го почитувате, но потоа донесете своја одлука.

14. Зглобовите кои ги оштетувате денес, ќе ви се одмаздат подоцна. Дури и тогаш кога мислите дека раните целосно зараснале.

15. Предметите се само предмети, немојте да се приврзувате за нив, фокусирајте се на времето и искуството.

16. Ценете ги малите работи и бидете присутни во моментот. Ценете го секој мал убав момент. Нема засекогаш да останете на овој луд, прекрасен свет...

17. Плаќајте ги сметките и не се задолжувајте, на никого.

18. Љубомората ги уништува односите. Верувајте на својот партнер, бидејќи на кој друг би верувале?

19. Ако имате сон кој ви се чини невозможен, сеедно, пробајте да го остварите. Можностите да го остварите ќе станат сè помали како што ќе одминуваат годините.

20. Кога некого ќе сретнете за првпат, застанете и сфатете дека навистина не знаете ништо за таа личност. Гледате само раса, пол, возраст и облека. Заборавете на сето тоа. Не знаете ништо.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Ако беше лесен животот со личноста што ја сакаш, немаше да вреди“ „Животот со личноста што ја сакаш не е таков како што сите си мислат. Не станува...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg