Животот не е живот, ако не го изживееш онака како што ти сакаш

Еден ден ќе се одважам и ќе преземам контрола врз сопствениот живот. Прво ќе дадам отказ од работното место.

Sto-e-zivotot-ako-ne-go-izziveesh-onaka-kako-to-ti-sakas-001.jpg

Отсекогаш сум се замислувала во две филмски, по малку банални ситуации - жена излезена од супер маркет со багет во хартиена кеса (делува како да си парижанка) или картонска кутија која ја носиш во раце, со саксиско растение, пенкала, нотеси и хефталката за спомен при збогување со работното место.

Првото го остварив, а другово – кога ќе се одважам. Бидејќи животот е краток и не вреди да го трошиш на работа која те прави целосно несреќен.

Еден ден ќе се одважам и нема да одам на сите детски родендени во игротеки. Се радувам за дечињата, но се чувствувам како непотребен вишок, а и целата таа збрка ми е по малку хаотична и бесмислена. Да, ве сфаќам, ви ги сфаќам сите практични и финансиски аргументи за славењето во игротека. И да, можеби еден ден и јас ќе ви упатам покана за слична таква прослава, на слична таква локација. Но, дотогаш, нема да доаѓам.

Бидејќи не ми е местото таму, а таму каде што не припаѓаш нема потреба да одиш.

Еден ден ќе се одважам и нема пристојно да се смеам кога некој ќе ми рече дека секој потајно слуша турбо фолк. Не слушаат сите турбо фолк! Не лажете се, не се самоубедувајте. Слушајте си што ви е по волја и не срамете се од сопствените избори. Бидејќи не е добро да ги наметнувате вашите вкусови на туѓи апетити.

Еден ден ќе се одважам и на сите кои ме повредиле ќе им дадам до знаење дека не останало незабележано во тефтерот, но и дека им простив. Бидејќи животот кој се храни од омраза е бесмислен.

Еден ден ќе се одважам и ќе ги остварам и доживеам сите работи од кои се плашам, макар некому се чинеле глупави. Едноставно ќе ризикувам, ќе грабам и туркам, со солзи и насмевки, со стиснати заби и непоколеблива решителност...

Бидејќи што е животот, ако не го изживееш онака како што ти сакаш?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќе ме сакаш ли и кога ќе бидам неслатка торта, на која ѝ поминува рокот на траење? Ќе ме сакаш ли и кога филтерот на години ќе ги донесе трагите на сè што сум мисл...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg