Што научив за богатството и статусот откако еден месец носев „Rolex“ вреден $6.000 долари?

Бев толку многу возбуден кога пристигна. Ја отворив кутијата и веднаш бев маѓепсан од неговата возвишена убавина.

Sto-nauciv-za-bogatstvoto-i-statusot-otkako-eden-mesec-nosev-Rolex-vreden-6000-dolari-01

Изгледаше како овој „Rolex Explorer“ да не е направен од не’рѓосувачки челик, туку од некој редок вонземски метал кој тешко може да се најде во вселената. Едноставно изгледаше поразлично од сè што сум поседувал дотогаш.

Се фаќав себеси како постојано гледам колку е часот не бидејќи ми требаше да знам, туку едноставно затоа што повторно и повторно сакав да фрлам поглед на неговата совршена убавина.

Бев сигурен дека ова прекрасно парче совршенство целосно ќе го смени мојот свет. Но првиот впечаток не е сè и занесот по некое време избледува.

Колку што бев воодушевен од неговата тежина, неверојатното внимание на деталите и извонредната прецизност, толку бев возбуден и од чувството дека имам на себе нешто што вреди $6.000 долари.

Не го поседувам часовникот (го изнајмив само за да го направам овој експеримент), но тоа не менуваше ништо. Што и да правев постојано мислев на тоа парче метал кое го имам околу раката. При секоја помисла на него низ телото ми се ширеше чувство на топлина и задоволство.

Идеја која ја имав претходно дека мојот живот драстично ќе се промени бидејќи сите ќе го забележат мојот нов украс на раката целосно пропадна во вода. Од сите мои блиски луѓе само еден пријател забележа дека имам нешто ново на раката.

И, да, само оние со остро око за часовници знаеја што е тоа што ме прави толку среќен, другите целосно го игнорираа, мислејќи дека е некој обичен часовник купен за нормална цена. Се сеќавам дека многу повеќе луѓе го забележаа мојот „Seiko 5“, кој го купив од „Amazon“ за $60 долари.

Сфатив дека никој нема да забележи што имаш на зглобот освен ако намерно не го покажеш. А, ако навистина носиш скап часовник, зарем би сакал да се фалиш наоколу за тоа? Фалењето и мавтањето со раката за сите да сфатат што поседуваш на крајот само ќе направат да изгледаш како обичен глупак во нивните очи.

На крајот сфатив дека единствената причина зошто би требало да купам и носам скап часовник е затоа што ЈАС сум тој кој го сака тоа, не бидејќи на тој начин ќе ги импресионирам сите околу мене.

Кога веќе трошите толкава сума пари на себе треба да ги трошите за сопствено уживање. Не носете луксузни часовници само заради престиж и статус бидејќи најголем дел од луѓето и онака нема да ги забележат.

Кога го ставив „Rolex“-от на раката мислев дека тоа ќе го смени мојот свет, на крајот сфатив дека тој всушност го промени само мојот поглед кон светот.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
„Ми се одмили Козјак за викенд, но бев во работен ден и беше идилично“ „Отидов после работа и на Козјак ме пречека спокој каков што не очекував. Немаше...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg