„Полека умира оној кој не патува...“ - Пабло Неруда

poleka-umira-onoj-koj-ne-patuva-pablo-neruda-001.jpg

Полека умира

оној кој не патува,

оној кој не чита,

оној кој не слуша музика,

оној кој е незадоволен со себе.

Полека умира

оној кој ја уништува сопствената љубов,

оној кој не прифаќа помош.

Полека умира

оној кој е претворен во роб на навиките,

поставувајќи си секој ден исти ограничувања,

оној кој не ја менува рутината,

оној кој не се осмелува да облече нова боја,

оној кој не се осмелува да разговара со некој кој не го познава.

Полека умира

оној кој бега од страста

и нејзините врели чувства

оние кои даваат сјај во очите

или во напуштените срца.

Полека умира

оној кој не го менува животот кога не е задоволен

од својата работа или од љубовта,

оној кој не сака да се откаже од својата сигурност поради несигурност,

оној кој не ги следи своите соништа;

оној кој нема да си дозволи

ниту еднаш во животот

да оди подалеку од дадениот совет ...

Живеј денес, дејствувај денес, ризикувај денес!

Не дозволувај да умираш полека,

Не заборавај да бидеш среќен!

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Каде се денес ѕвездите на М2 продукција: Што прават сега Сакине, Џеват, Александра Пилева, Игор и Са... Џеват, Александра Пилева, Сакине, Игор Узунов и Сања Лефкова се само дел од пеја...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
2-ри мај и денес ме потсетува на излет, скара и денот кога го запознав Ричард Гир на Водно Се сеќавате дека до пред 15-тина години Денот на трудот се празнуваше на 1-ви и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg