5 лекции кои секоја жена мора да ги научи во 30-тите

30-те се онаа декада од животот кога дефинитивно се остварувате на сите полиња и давате максимум од себе.

5-lekcii-koi-sekoja-zena-mora-da-gi-nauci-vo-30tite-01.jpg

Но, за да бидете посреќни, поисполнети и задоволни во 30-те (горди, со дигната глава и со насмевка да стапнете во 30-те), потребно е да совладате одредени животни лекции.

Еве кои:

1. Не брзајте. Тоа се однесува на сите аспекти во вашиот живот. Не бидете нетрпеливи. Ако се гледате со некого, размислете дали таа личност е како создадена за вас, дали сакате да го поминете со неа остатокот од животот или не. Ако сакате нешто да правите, тогаш и правете го тоа. Сè уште сте млади.

2. Работата не ви е живот. И тоа секогаш треба да го имате на ум. Во ред, сосема е логично, доколку сте се посветиле на кариерата, но потребно е да знаете дека не е сè во работата. Гледајте филмови, читајте книги, дружете се со луѓе. Различните активности ќе ви помогнат да размислувате сосема поинаку.

3. Никој не е совршен. Манекенките кои ги гледате по списанијата се фотошопирани. Па, нема поента да се обидувате да ги копирате. И тие имаат маани, исто како и вас. Убави се, но и вие сте убави. Прифатете се себеси и своите маани.

4. Градете го својот живот на искуства. Искуството е најдобар начин да научите нови работи во животот. Од искуствата учите лекции од прва рака кои се поважни и повредни од сè што сте научиле на училиште или од учебниците.

5. Неуспехот е столб на успехот. Стремете се кон остварување на целите, но немојте да очекувате дека веднаш ќе бидете успешни, од прва. Падовите и неуспесите се составен дел од животот. Од нив учите каде сте погрешиле. А, тие лекции ве водат кон чекор понатаму во животот.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg