Ти си единствениот соиграч кој ми треба во мојот тим

Сакам да ме скокоткаш додека лежам полугол на свилената постела која сè уште има принт со цртаниот јунак од моето детство, бидејќи јас сум твоето дете кое никогаш нема да порасне.

ti-si-edinstveniot-soigrac-koj-mi-treba-vo-mojot-tim-1.jpg

Сакам да не запира тоа твое инаетливо бодење со показалецот во моите слаби точки и заедничката смеа која ја делиме во тие моменти кога сме исклучени од реалноста, изгубени во нашиот нереален свет на љубовта.

Сакам да ги оживееш сите чувства на среќа во мене дури и кога светот нема смисла, сакам да те сакам, зошто тое е единственото нешто кое секогаш ќе има значење дури и кога ќе дојде време да го земам последниот здив.

Луѓето ме прашуваат што е тоа што е посебно во нашата конекција и како сме успеале да бидеме толку слободни, а сепак силни заедно. Јас со скромна насмевка само ќе им речам дека ние сме тим.

Две единки кои се апсолутно несовршени, а сепак светот им завидува на нивното совршенство. Два члена на еден состав кој го нарекуваме „ние”, кои знаат искрено да си опцујат, со богат и сочен речник каков што општеството не слушнал, а сепак да завршат во прегратка.

Тим кој извикува крици на омраза, а тоа само означува љубовно довикување и искажување на најдлабоките чувства кои се скриени во срцето.

Ние кои знаеме да изгубиме, да се смееме дури и кога е време за плачење, лудите ние кои станавме синоним за она што се нарекува љубов полна разбирање.

Дури и кога ме гледаш не можам да објаснам колкава е нашата поврзаност, дури и кога се обидуваш насилно да ме штипнеш за да оставиш лузна на мојата кожа која обожаваш да ја милуваш, јас уживам. Мислам дека можам со часови да зјапам во твоето правење ништо и тоа да биде она што ќе ме тера да се чувствувам исполнето.

Ти мојот соиграч во играта наречена живот, дел од тимот кој никогаш не сакам да го напуштам. Две бројки, различни, а сепак значајни за да се постигне целта.

Кога едниот е слаб, тоа го крши и другиот. Кога едниот е тажен, другиот ја жртвува сопствената среќата. Кога те нема тебе, не постојам јас.  

Мислам дека светот можеби никогаш нема да разбере зошто јас никогаш нема да се завртам по друга и зошто ти секогаш ќе го одбиваш секој кој на прв поглед можеби е подобра опција од мене. Никогаш нема да сфатат зошто сме толку искрени и верни еден на друг.

Но, тие не знаат дека опиумот на таа тимска игра не носи низ реката полна со бранови. Не се плашам. Верувам дека мојот соиграч нема да ме изневери, дури знам дека ќе ги покрие моите слабости и дека ќе ме натера заедно да бидеме шампиони.

Зошто во таа заедница нема напуштање и нема откажување, не постои „не можам”. Таму јас и ти се стремиме да бидеме најсилни за да го оствариме неостварливото.

Во целото тоа мое брборење за тимската игра, луѓето само ќе ја придвижат својата рака сугерирајќи дека јас не сум нормален. Ќе ја занишаат главата како да зборувам глупости, а јас само ќе се потсетам на твоето скокоткање и повторно ќе се насмеам, посакувајќи тоа да трае и после нашиот земен живот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg