Животот во студентски дом: Кафе и шеќер се позајмува строго од згодната сосетка

Ако во текот на вашето студирање сте живееле во еден од студентските домови, тогаш може да се каже дека сте биле во интервалот на животот кој се движи од најлошо до можеби најдобро. 

raboti-koi-vi-se-slucile-dokolku-ste-ziveele-vo-studentski-dom-01

И сигурно имате искуства и приказни кои другите можат само да ги замислат, на некои да ви љубоморат, а за некои дури и да се чудат како е можно да се вистина.

Сепак следните работи се жива вистина за студентите од студентските домови:

1. Документацијата која ви е потребна за вселување вклучува повеќе документи отколку да аплицирате за виза за Австралија и ви се потребни недели и многучасовно висење по сите можни шалтери за да ја соберете.

2. Голема е веројатноста да не ве примат во домот во кој сте аплицирале и да добиете сместување во дом во кој апсолутно не ви одговара. Дури и вие да се сместите во домот кој сте сакале, цимерот со кој сте се договориле да седите заедно сигурно нема да биде примен во истиот дом.

3. Секогаш на почеток сте варосувале, сте поставувале пурпена и алуминиумска фолија на прозорите за да ги припремите за претстојната грејна сезона.

4. Ако не сте ја имале среќата да имате фрижидер, особено оние постарите генерации, тогаш со сигурност сте можеле да се пофалите кој е прозорот на вашата соба, бидејќи од надворешната страна сте го распознавале по теглите ајвар и сирењето кое виси во ќеса.

5. Кога сте имале вишок бонови сте ги продавале по 0.2, а секогаш кога ви фалеле бонови ви ги продавале по 0.5.

6. Редот во бонската продавница кога ќе донесат нешто е поголем од ослепената армија на царот Самоил и честопати се случува да дремете со часови за да стигнете на ред и кога ќе стигнете да остане само едно пакетче смоки и две крем банани.

7. Пиењето кафе и позајмувањето шеќер и останати работи за домаќинство се прави во соби каде што живеат згодни соседи/сосетки.

8. Цело време се обидувате да фатите врски кај тетките кои работат во мензата за да може да ви зачуваат што е можно повеќе стекови или пак двапати дупла порција помфрит.

9. Сте се отепале пиење Синалко-кола и јадење ражничи, а вашето главно јадење било крунисано со сутлијаш како десерт.

10. Вторник и петок ви се резервирани денови за диското, или евентуално среда во зависност од тоа во кој студентски дом живеете. И колку и да не ви се оди, одите, бидејќи знаете дека во тие денови нема да можете да спиете од гласната музика и журките кои ги има на секој кат.

11. Цело време се обидувате да се спријателите со претседателот на домот за да добиете гратис влез или гратис пиво во диското.

12. Цел ви е да го имате управникот за пријател за наредната година да добиете апсолвентска соба.

13. Кога сакате да се туширате правите една прошетка со вашата крпа од собата до бањата и назад.  Ако сте сингл се молите да има што е можно повеќе девојки/момци за да видат зошто вие сте ги потрошиле парите во теретаната па и од тоа да имате ќар.

14. Ако нема жешка вода за капење има топла, ако нема топла вода има млака, ако нема млака вода за капење тогаш има студена. Вие сте навикнати на сите три, така што во текот на вашето живеење ви е сеедно со која од нив ќе ги завршите потребите за лична хигиена.

15. На влезот задолжително има плакати за надградба на нокти, кавадаречко вино и ракија, семинарски и дипломски работи, сето тоа по поволна студентска цена.

16. Ако готвите тоа го правите во ходник или на катна тераса сè со цел вашата соба да не замириса на кромид или пржени пиперки.

17. Залудно е што имате лаптоп кога приклучокот на интернет е со мрежен кабел и оттаму вашиот лаптоп служи како персонален компјутер.

18. Кога ќе заврши годината, ги викате вашите родители за да товарите еден куп работи кои треба да ги однесете дома за да се иселите и да ги припремите одново за повторно вселување во наредната академска година.

Можеби додека сте живееле таму сето тоа ве нервирало, ви помагало и ви користело, а нешто можеби и ве навело да ја откриете вашата вистинска љубов. Колку и да се неверојатни, чудни и незамисливи приказните од студентските домови, сепак остануваат како една вечна трага во вашите сеќавања и сигурно ќе бидат добри поучни разговори кои вреди да ги раскажете на вашите деца.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg