Писмо од еден „папучар“: „Јас сум партнер на сопругата, не гостин кој само јаде и спие“

Мажите кои ги сакаат и почитуваат своите сопруги обично од другите мажи се дефинирани како „папучари“. Многу од нив се срамат од таа титула, но не би требало.

pismo-na-eden-papucar-jas-sum-partner-na-soprugata-ne-gostin-koj-jade-i-spie-01.jpg

Еден маж дава исповед и на ова треба секој да му честита:

„Еден мој пријател дојде кај мене на кафе, седевме и зборувавме за животот.

„Отидов набрзина да измијам садови, малку останаа брзо ќе се вратам“ - му реков.

Ме погледна како да сум му рекол дека ќе конструирам вселенско летало.

Ми кажа, восхитувајќи ми се, но малку збунето:

„Добро за тебе што ѝ помагаш на својата сопруга, јас кога ќе го направам тоа, мојата не го цени. Една недела го избришав подот и не добив ни фала.“

Се вратив да седнам и да му објаснам дека јас не ѝ помагам на мојата сопруга.

„На мојата сопруга не и треба помош, ѝ треба партнер.

Јас сум партнер во домот и поради тоа партнерство сите задачи се поделени, но во ниту еден случај не се работи за помош.

Јас не ѝ помагам на мојата сопруга да го исчисти домот, затоа што и јас живеам тука и морам да го чистам.

Јас не ѝ помагам на мојата сопруга да готви, бидејќи за и јас да јадам, морам да готвам.

Јас не ѝ помагам на мојата сопруга да ги измие садовите после јадењето, бидејќи јас сум ги користел тие садови.

Јас не ѝ помагам на сопругата околу децата, бидејќи тоа се и мои деца и моја е улогата да им бидам татко и родител

Јас не ѝ помагам на мојата сопруга да дипли и пегла облека, бидејќи тоа е и моја облека.

Јас не сум помош во домот, јас сум дел од домот.“

Што се однесува до ценењето и почитта, го запрашав дали некогаш му текнало да ѝ каже на својата сопруга, после сето чистење, перење, пеглање, готвење, менување на постелнината на кревет, нешто од типот: „Жено моја, ти си фантастична!“

Секако, одговорот беше негативен.

„Ти се чини апсурдно да кажеш нешто такво? Ти изгледа чудно? А, кога ти, еднаш во 100 години си го избришал подот си очекувал минимална награда благодарност.

Зошто? Дали некогаш си помислил на тоа пријателе?

Можеби затоа што според тебе сето тоа е нејзина обврска? Можеби затоа што си се навикнал дека сето тоа некој друг го прави, а ти не мораш со прст да мрднеш?

Затоа, цени како што би сакал и тебе да те ценат, на ист начин и со ист интензитет.

Пружи рака и однесувај се како вистински партнер, а не како гостин кој дошол само да јаде, да спие и да одмора...“

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg