Боли, ама мораш да се тргнеш од пријателите кои не те заслужуваат

Годините минуваат брзо, но луѓето се менуваат побрзо, уште една сурова вистина која ја научив при мојот пробив во светот на возрасните. Таа промена многумина ја сфаќаа како онаа природната која навистина треба да се случи и дозволуваа да исчезнат, постоејќи како една сенка на она што е веќе видено.

iako-bolese-nauciv-da-se-otugjam-od-lugeto-koi-ne-me-cenat-mene-i-moeto-vreme-01

Во животот имав многу пријатели, бев на многу места и сретнав многу луѓе, некои од нив ми беа поблиски, некои помалку блиски, некои ме сакаа, а други и ме мразеа. Додека растев и ги сместував пријателите околу мене како електрони во своите орбитали, јас мислев дека цел живот, до крајот на животот ние ќе ги делиме взаемно чувствата кои нè натерале да го креираме она што не одржало заедно толку време.

Не знаев да кажам негативен одговор на нивните прашања, не знаев да речам не, иако многупати се жртвував себеси за да бидам пријателот во неволја на секој кој ќе затропа на мојата врата, без разлика што  за мене многупати многу врати беа затворени, токму од луѓето на кои веќе сум им помогнал.

Не мислев дека луѓето забораваат, не сфатив дека може оној на кој му даваш најмногу внимание да биде оној кој утре ќе го заборави твоето име, но луѓето забораваа, колку и да го параше тоа срцето, луѓето обожаваа да забораваат.

Се сеќавам еден ден седев скршен на клупата во школскиот двор прашувајќи се до кога јас ќе бидам оној кој ќе молчи кога нешто не му одговара. До кога јас ќе попуштам и ќе следам нечии желби прегазувајќи ги моите. Се запрашав зошто да бидам опкружен со луѓе кои ме прават да се чувствувам напнато, со луѓе кои не ме ценат мене и моето време, со луѓе кои мислат дека јас секогаш ќе правам сѐ за нив, со луѓе кои мислат дека јас немам чувства...

Луѓе кои не знаат да го ценат фактот дека друга личност дише за нив, себични луѓе кои едноставно треба да останат сами за да ја почувствуваат болката, за да престанат да бидат егоистични.

Тој ден научив да ставам точка, зад секоја личност и секоја нивна постапка која ме повредила. Тој ден научив да полнам ѕид со бетон покрај секој оној кој не знае да го почитува моето битие. Токму тогаш се ослободив од стегите да бидам опкружен со пријатели, кои се само имагинација во мојата глава, луѓе кои постојат таму затоа што сè уште сметам дека се истите оние кои сум ги запознал.

Тој ден научив дека во животот сакам да се опкружам со позитивни личности, кои не се превртливи, кои не се променливи и користољубиви. Луѓе кои немаат комплекси и се стремат да го достигнат највисокото во животот. Луѓе кои знаат да ме ценат мене и моето време.

На тој начин скратив многу луѓе од мојот список, многу блиски станаа странци, на мое барање.

На почеток беше тешко и чувствував грижа на совест, но со секој изминат ден јас се чувствував ослободено. Се чувствував среќно и безгрижно, без да мора да го носам товарот на луѓето кои тоа не го заслужуваат.

Околу мене имав само позитивни луѓе, полни со енергија, кои претставуваа мотивација за секој нареден предизвик. Луѓе кои ме тераа да направам повеќе од себеси, кои не беа таму за да ми љубоморат и наштетат, луѓе во вистинска смисла на зборот.

На тој начин научив да живеам правилно, пишував точка каде што беше потребно и никогаш не се враќав за да коригирам и да напишам запирка, како што умеев порано. Еднаш штом ја завршев приказната, немаше надополнување и на тој начин открив една мала моја формула за да не бидам повреден од луѓето во животот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg