Иако изгледаат незначајни, малите одлуки го градат животот

Беше петок попладне, немав желба да излезам надвор и да уживам во прекрасното зајдисонце, стоев на терасата и чкртав нешто на празните бели листови кои беа оставени на масата. Во главата ми се вртеа разни мисли, летав далеку и бев видно отсутен од реалноста.

iako-izgledaat-neznacajni-malite-odluki-go-gradat-zivotot-001.jpg

Си мислев, ако не бев денес тука, каде би требало да бидам и ако вчера беше денес, што би можел да променам? Дали со секоја секунда што изминува јас го менувам текот на моето постоење и дали се она што ќе се случи понатаму во мојот живот ќе биде последица на сите мои дејства?

Не можев да си објаснам како сите делови на универзумот, природата и сѐ она што знаеме и сѐ она што не знаеме се вклопува совршено, создавајќи една можеби не толку совршена хармонија.

Си мислев дали ако денес одлучев да излезам, наместо да ги водам овие тешки полемики во главата, тоа ќе се одразеше драстично на она што мене би ми се случувало во иднина, дали постоеше градење на случките од индината или тие се веќе преодредени во она што го нарекуваат судбина?

Некаде помеѓу зајдисонцето и моите измешани мисли во главата, дојдов до заклучок дека сѐ во животот се сведува на моменти. Малечки моменти кои те дефинираат како личност, моменти кои ќе те одвојат од стадото на она што е различно. Мали моменти кои не ти изгледаат значајни, но сепак го менуваат значењето на твоето постоење.

Затворањето на очите при првиот бакнеж, првата петка и разговорот со класниот раководител кој те фали за твојот труд.

Првата љубов и желбата да оствариш заедница. Најубавото „да” кое ќе го кажеш во животот и многуте „не” кои ќе ги дадеш претходно.

Гласот кој го повишуваш кога сфаќаш дека мора да се бориш за себе и за оние што ги сакаш, одлуките и изборите кои ги правиш.

Пцовката која што си ја упатил кон класниот во средно, кавгата со родителите и првата ноќ надвор од дома, откачувањето на девојката која била со тебе само од корист и прекинатото пријателство со другарот кој ти значел сè. Моментите кои те обележале.

Кога ќе се соберат во една линија наредени еден по друг, го креираат животот.

Можеби се чини дека се незначајни, дека изборот на бојата на коса или предметот кој ќе го запишам овој семестар, часот по гитара кој го пропуштив или автобусот кој ми избега. Сето тоа делува мало и незначајно, но сите тие моменти се дел од поголемо нешто. Нешто што сите ние го плетеме како една мрежа, карактеристична за секој оној кој започнал да ја плете. Можеби делува просто, но сето тоа го дефинира нашето постоење.

Онака како што се наредени во моите спомени тие го креираат човекот што јас го знам денес и се надевам наредните само ќе го следат истиот алгоритам за да не се изгуби она што веќе тргнало во вистинска насока за да биде одличен производ во секојдневието.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg