Има желби кои ниту Дедо Мраз не може да ги исполни...

После долг напорен ден со мојата сопруга го средувавме хаосот кој го создале нашите две деца.

ima-zelbi-koi-nitu-dedo-mraz-ne-moze-da-gi-ostvari-01

Додека чистев близу елката најдов еден бел лист на кој беше потпишан мојот син. Беше пишувано со разни бои, никогаш не сум знаел дека тој може да состави нешто толку педантно и уредно, бидејќи обично ги шкрабаше домашните задачи само за да има повеќе време да игра надвор во снегот.

Внатре пишуваше...

“Драг Дедо Мраз, не знам зошто од сите на светот те одбрав тебе, за да ти ја напишам мојата најголема желба, но се обратив кај моите родители, тие не можеа, му реков на Дедо Боже, но и тој не ме послуша. Цела година се трудев да бидам добар, само за да можам да те замолам тебе да ги слушнеш моите зборови.

Не барам многу, така ме учеа мама и тато, да бидам скромен, затоа ветувам скромен ќе бидам.

Сега седам близу елката, ги користам боичките на дада и ги везам овие букви, не се сите исти, малку имам проблем со ракописот, скоро научив да пишувам. Ја накитивме елката и поставивме црвени Новогодишни чорапи за да можеш тука да ги оставиш подароците за нас.

Но сега слушај ме внимателно, јас не сакам ништо, ниту играчка, ниту компјутер, не сакам ниту таблет или телефон, ниту велосипед, ниту санка или убав лампион. Јас имам сестричка, таа се вика Кристи, неа ја сакам повеќе од сè на светот, по цел ден сме заедно и таа секогаш ме засмејува.

Но, Дедо Мраз таа секогаш е во својата количка, не може да се симне и да игра со мене на тепихот, ниту да трча надвор на снегот. Додека јас правам снешко сам, таа ме гледа од прозорот, бидејќи е навистина тешко да се турка нејзината железна количка со гломазни тркалца во снегот.

Иако таа се смее, јас знам дека таа е тажна поради тоа што не може да го почувствува крцкањето на снегот под своите нозе и снегулките на нејзиното лице. Јас знам дека и таа сака да биде палава како мене, но не може...

Таа не може да оди Дедо Мраз, а јас толку би сакал да трчаме заедно, заедно да ги редиме лампионите на елката, да се бркаме околу масата и да трчаме горе долу по скалите, да ја потегнам за плетенката, а таа да се обиде да ми возврати. Сакам да биде слободна и да не биде врзана за тоа железно чудовиште.

Тоа е мојата најголема желба, Дедо Мраз,можеш ли да направиш Кристи да оди?

Антони”

Јас го држев писмото душата ми плачеше солзите сами ми се тркалаа, бев немоќен, од сѐ на светов тоа беше единственото нешто кое што сакав да го направам од сѐ срце, но не можев. Неговата скромна, мала желба не беше способен да ја оствари ниту еден доктор, ниту ние, ниту Бог, ниту па Дедо Мраз. Зарем мораше да биде така...?

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg