Не е срамота да не знаеш, срамота е да не научиш...

Велат не прави им го на другите она што не сакаш да ти го направат тебе, а ако од другата страна имаш дете, тогаш не се обидувај да го запечатиш неговото детство со траума од твоите одвратни зборови. Но, луѓето честопати знаат да ги прекршат правилата, затоа сме луѓе, да би биле безгрешни веројатно би биле богови.

ne-e-sramota-da-ne-znaes-sramota-e-da-ne-naucis

Она што ми беше во мисла, а што сакав да го пренесам на оние по мене на земниот свет кои од било која причина го почувствувале, помислиле или слушнале истото на сопствена сметка, треба да знаат дека всушност тоа тврдење не е точно.

За да ви раскажам, морам да ве вратам многу одамна, кога имав некои си 8 години, бев прво или второ одделение, не ме држете за збор малку ми е матно во мислите. Се сеќавам дека учевме равенки со x, замислете јас тогаш сè уште цртав чудовишта во тетратката и бркав духови навечер, а таму учевме равенки со x.

Учителката тогашна ме стана на табла иако и кажав дека не ги разбирам и дека сакам да ми ги објасни одново. Ми зададе проблем, во тој ред имаше два непознати x, едната помножена со 2 другата со 7 и некои бројки. Сега изгледа смешно, но тогаш не знаев. Таа го знаеше тоа, а сепак ме исмеа пред целото одделение, велејќи ги зборовите „Толку си глуп, никогаш нема да успееш во животот, глупите луѓе како тебе кои не можат да решат една ваква равенка никогаш нема да постигнат големи работи“.

Целото одделение се смееше, а од моите очи навираа солзи. Таа не беше свесна колку ми го скрши срцето, но не беше свесна каков оган разбуди во мене, нешто што не сум го почувствувал претходно. Секојдневно ја повторував нејзината реченица во главата, работев, вложував во себеси, многу, многу повеќе од било кој во одделението, многу повеќе од било кој на светот.

Се појавував по натпревари, освојував места, владеејќи ги нејзините непознати x кои ја создадоа траумата во моето тело, кои ме натераа да плачам сметајќи дека сум глуп и дека никогаш нема да успеам. Јас имав 8, таа 38, а сепак дозволи да го скрши срцето на едно невино дете.

Денес чекорам кон мојата диплома, ќе биде диплома со просек на еден од најтешките факултети, зад себе сум оставил многу, дури и бев демонстратор по предметот полн иксови, не знам дали би требало да ѝ се лутам или да ѝ бидам благодарен за тие сурови зборови, упатени кон кревката невина душа. Но, тие ме натераа да го разбудам ѕверот во мене кој е жеден за сопствено издигнување, ѕвер жеден за успех.

Сакам да имате на ум сите кои се нашле во слична позиција, нема работи кои ви одат или не ви одат, кои ги знаете или не ги знаете, има работи за кои сте сработиле доволно или воопшто не сте се потрудиле. Не паѓајте во депресија и не очајувајте.

Никој не е глупав, со многу труд, со многу работа дури и она што ви изгледа невозможно може да стане возможно.

Денес стојам тука, познавајќи го тоа дете кое мислеше дека нема да биде ништо од него, но го познавам и човекот во кој прерасна и можам да кажам дека трудот кој се вложува на крајот ќе се исплати и светот ќе го чуе твоето име. Ќе одекне, иако скромно, сепак доволно за сите да го чујат.

Купив цвеќе и го посетив нејзиниот вечен дом, го ставив во вазната, исчистив околу, седнав на столот и гледајќи ја сликата, ја пуштив лутината од моето тело и изговорив „После сѐ само сакам да знаете учителке, не е срамота да не знаеш, срамота е да не научиш“.

Гледав како ветрот носи залутан лист, убаво чувство беше она кога конечно ќе се ослободиш од лутината која со години те прогонувала.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg