Да ми кажеш само „Те сакам“ не е доволно

Велиш дека „ме сакаш“. Велиш дека „засекогаш ќе бидеш со мене“. Велиш дека „животот не можеш да го замислиш без мене“. Ама сакам да знам дека ќе можеш да ми покажеш дека ме сакаш. Сакам да ми покажеш дека ме сакаш со своите дела.

da-mi-kazesh-samo-te-sakam-ne-e-dovolno-01.jpg

Не ми треба тоа да ми го кажуваш. Не ми треба тоа да ми го шепотиш. Бидејќи ќе знам.

Само да ми кажеш „те сакам“ не е доволно.

Затоа нема туку така да се стрчам веднаш кон твоите раце и прегратки. Нема бескрајно да те обожавам.

Да бидеш заљубен е многу повеќе од зборови. Вистинската љубов е многу повеќе од тоа. Немој погрешно да ме разбереш. Магично е чувството кога ќе ги слушнеш тие зборови. Магично е да знаеш што некој чувствува за тебе. Прекрасно е.

Ама да бидам искрена, не можам вистински да верувам во тие зборови, сè додека не ги покажеш.

На крај краишта, зборовите се само зборови. Без разлика на тоа колку се чисти и искрени. Ми треба да ми покажеш колку ме сакаш преку тоа како ме љубиш. Ми треба да ми покажеш колку ме сакаш преку начинот на кој ме држиш. Ми треба да ми покажеш колку ме сакаш преку малите работи. Преку твојата насмевка. Преку нашите расправии. Преку начинот на кој го изговараш моето име.

Не ми треба стотици пати да ми кажеш „Те сакам“.

Не ми треба тоа да го слушам секојдневно.

Само ми треба да верувам дека тоа е вистина. Ми треба да ме натераш да клекнам на колена кога ќе погледнам како ми се смееш.

Ми треба да изгубам здив кога нежно ме љубиш после напорниот ден. Ми треба да го изгубам чувството за време кога лежерно уживаме во кревет. Да се слушнам себеси како силно се смеам кога ќе се пошегуваш.

Да ми кажеш „Те сакам“ е магично. Ама да ми го покажеш тоа без зборови? Тоа е она што ме држи на овој свет.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Ќе ме сакаш ли и кога ќе бидам неслатка торта, на која ѝ поминува рокот на траење? Ќе ме сакаш ли и кога филтерот на години ќе ги донесе трагите на сè што сум мисл...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg