Подароците кои не можеа да се најдат на попуст

Многу малку спомени од детството вклучуваат сеќавање на материјалните нешта кои ги добивав во овој период од годината како подарок.

podarocite-koi-ne-mozea-da-se-najdat-na-popust-01

Можеби ќе се присетам на плејстешнот на кој игравме со брат ми, сините ролшуи, црната пушка или сетот за боење, но сето тоа ми е некако бледо. Можеби предизвикало краткотрајна радост но потоа останало како еден обичен предмет без големо значење.

Но, она што останало во мојата глава се приказните и поучните зборови на членовите на моето семејство кога ќе се соберевме на полната празнична трпеза. Тогаш можеби шупелки, не разбиравме ниту збор од она што се говореше околу нас, но тоа се најскапоцените подароци кои засекогаш останале во моето срце и ден денес кога ќе се присетам ме пратат каде и да одам.

Баба ми секогаш зборуваше за љубопитноста, дека треба секогаш да нè интересира како расте цвеќето, зошто птиците одат на југ, како се создаваат различни звуци во природата. Зошто се менува денот во ноќ и ноќта во ден, како се она што го имаме е причинско последична врска на технолошки развој, колку е голема вселената, бројот на планети и ѕвезди во универзумот. Таа не учеше да го запознаеме светот околу нас подобро..  

Дедо ми секогаш зборуваше за предизвици, големи соништа, посветеност кон нашите таленти и напорната работа. Не охрабруваше со зборовите, за кои тој велеше дека можат да создадат или да уништат. Седнати во неговиот скут нè учеше да не се откажуваме, зборуваше дека светот е еден огромен пазар во кој секој мора да го најде своето место. Да го истражи, да го посети, да открие што е она што ќе те натера да се испотиш за да го оствариш. Тој нè учеше да бараме предизвик во секој ден и да се стремиме кон негово остварување.

Мама секогаш раскажуваше дека треба да се прифатиме онакви какви што сме, малите точки на носето, вишокот килограми, клемпавите уши и сите останати маани кои ги имаме се само препознатлив печат за нас самите. Таа нè учеше да ја сакаме кожата во која живееме, да се прифатиме онакви какви што сме создадени и да не си создаваме комплекси околу нашите несовршености. Таа нè учеше на една посебна љубов кон самите себеси.

Татко ми секогаш зборуваше за тоа колку треба да вложиме во себеси, да најдеме вистински вредности и да се надградуваме со секој изминат ден. Да сакаме да учиме, не за оценки, туку за да знаеме, да бидеме движечка сила во нашето друштво, да бидеме лидери во нашиот клас. Да создадеме победници од себеси, да не се откажуваме и да гриземе, газејќи пред себе до постигнување на успехот. Тој нè учеше како да прераснеме во вистински луѓе.

Секако тогаш не сфативме дека всушност вистинскиот подарок не се крие под елката, туку се крие во тоа семеен собир и зборови кои тогаш не ги разбиравме, но добија смисла со времето кое измина. Ниту еден од овие подароци не можеше да се најде на попуст во локалните продавници, можеби затоа беа толку посебни.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg