Не ви треба поимот Нова Година за да посакате промена

Не, ова не е текст во кој ќе ви кажам започнете нов живот од утре, бидејќи бројките се измислени, луѓето ги измислија за да ги означат настаните. Преминот од денес кон утре кој го нарекуваме Нова Година, е само измислица за да можеме да ги раскажеме нашите спомени по хронолошки редослед и така да ги помниме.

ne-vi-treba-poimot-nova-godina-za-da-poskate-promena-01

Mислите за промена не треба да ви дојдат од денес за утре, само поради тоа што ви кажале дека кога ќе чукнат стрелките на часовникот ќе настане ресетирање, ќе дојде крајот и ќе започне нова бројка во која мора да бидете различни. Мислите за промена кои сега преовладуваат сега во вашата глава треба да бидат таму секогаш, секојдневно.

Како што се обидувате да се промените од утре па натаму, само поради тоа што е Нова Година, така треба секој ден да се стремите да се промените за да ја дадете вашата најдобра верзија на светот. Како што се собирате за празниците со вашите најмили, така треба секојдневно да ја славите взаемната љубов и да си давате меѓусебна поддршка.

Нема причина тоа да го правите само една недела или една ноќ во годината. Вашите мисли за подобрување треба да ве обземаат со секој изминат ден. Пак ќе кажам, времето е измислица на луѓето за да можат да ставаат маркери низ својот живот, но сепак треба да го искористите максимално за да ја постигнете најдобрата еволутивна состојба.

Секогаш славете ги вашите успеси, секогаш бакнувајте ги вашите најмили, не барајте некој посебен повод или назив на деновите за да бидете среќни. Усовршувајте го вашето битие и дајте си високи задачи кои ќе се стремите да ги остварите секојдневно.

Не ви треба потсетување дека е Нова Година за да излезете со пријателките, не ви треба прославата од на работа за да се дотерате  и да си поминете убаво. Не ви треба измислениот премин од една бројка во друга за да живеете. Тоа можете да го правите со секој изминат ден.

Не ви треба потсетување дека е Нова Година за да израдувате некого со убав подарок, не ви требаат еден куп потрошени пари за да доживеете лудо излегување со друштвото.

Запомнете, сè она што ве прави среќни во моментите на обележување на Новата Година и сите мисли кои вклучуваат подобрена верзија на вас самите треба да ве пратат секојдневно, без разлика дали за тоа постои посебна причина или не.

Нека секој ден, во душата и во срцето ви биде Нова Година во која ќе дадете максимум да го постигнете она што не сте го постигнале досега и да го добиете она што не сте го добиле досега.

Кога секојдневно ќе се стремите кон таа точка на совршенството, имајќи ја секогаш во вашата потсвест, тогаш многу брзо ќе ја достигнете.

Нека среќата на вашето лице биде секогаш присутна како кога алкохолот врие низ вашите вени, а телото ви биде секогаш вжештено од танцот кој ќе ве води кон секојдневните предизвици.

Среќна Нова 2017!!!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Каде се денес ѕвездите на М2 продукција: Што прават сега Сакине, Џеват, Александра Пилева, Игор и Са... Џеват, Александра Пилева, Сакине, Игор Узунов и Сања Лефкова се само дел од пеја...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg