Животот во една реченица - Отплаќаш стан и автомобил на рати колку што не знаеш дали ќе ги доживееш

Учи да имаш петки, за да се запишеш на факултет. Учи за 10-ки, да имаш висок просек, па да запишеш магистратура. Дипломирај, магистрирај, вработи се, омажи се/ожени се.

zivotot-vo-edna-recenica-otplakjas-stan-i-avtomobil-na-rati-kolku-sto-ne-znaes-dali-ke-gi-dozivees-1.jpg

Детенце камо? А второ кога?

Да не си се осудил да му избегаш на шаблонот. Повторувај си го за да не го заборавиш точно утврдениот редослед. Основно, добро средно училиште, факултет, работа, мажачка или женачка, дечиња.

Дома, работа, децата. Децата, работа, дома. Во кратките паузи од вртлогот кој го нарекуваш живот укради мал момент за себе, твоето хоби или пасија. Чувствуваш грижа на совест или те нападнаа.

Себичен си, ти си возрасен, како може да те возбудуваат концерти или патувања кога имаш две мали деца дома? Што, сакаш да ги земеш со тебе на концерт? Не си нормален.

Тик-так, часовникот отчукува додека ја стегнуваш вратоврската околу вратот и се прашуваш кога последен пат си бил вистински среќен. Не може да очекуваш да бидеш среќен, те убедуваат. Среќата е за деца, не за зрели луѓе со обврски.

Се давиш во морето од тие обврски, што работни, што домашни, исто како и твојата сопруга. Работа, сметките, храна, дома, децата. Дали навистина животот е таков без некоја поголема филозофија или нешто пропушташ?

Се потсетуваш на мантрата која ти ја дробеа како попара, точно утврдената матрица на однесување. Ти сакаше да одиш на кошарка, но те убедија дека математиката и англискиот ќе ти завршат повеќе работа во животот.

Сакаше да направиш една година пауза, те убедија да се запишеш веднаш на факултет. Сакаше да патуваш, ти најдоа работа.

Се ожени од љубов, но и притисокот од блиските си го направи своето. Ајде, време ти е. Време за сериозност, време за семејство и деца.

Време за отплата на стан и автомобил, на рати колку што не знаеш дали ќе ги доживееш со ова темпо на живеење.

И конечно – кој го утврдува тој шаблон на однесување ако не самите луѓе? Стравот да не бидеш различен, исмејан од околината. Па, што ќе кажат соседите ако имаш 35 години и си уште немажена или роднините што те буцкаат како си веќе 5 години во брак и немаш бебе?

И така матрицата полека те труе и го цеди животот од тебе. Парадоксално, измислена и наметната е од луѓе што и самите се длабоко несреќни, ама ете - така мора да биде, така треба, таков си е редот сине.

Не, не е среќата наменета само за деца. Секој без оглед на возраста заслужува да биде среќен според правила што самиот си ги напишал.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg