Секој маж има една жена која никогаш нема да ја заборави

Најтешко ми е да одговорам на прашањето колку девојки си имал. Мразам кога ми го поставуваат. Не ги броев, беа неважна статистика. Бев млад, залетан, со главата во облаци мислејќи дека сум многу искусен, а всушност бев исплашен и незрел.

Sekogas-ima-edna-zena-koja-ne-se-zaborava-01.jpg

На почетокот е интересно секоја вечер да легнуваш со различна девојка. Возбудливо, чувствуваш како да си на врвот на светот, ги влечеш конците онака како што ти сакаш. Па забораваш да им се јавиш. Не си во градот, не си достапен, имаш премногу обврски, си снемал батерија на телефонот. Изговори, празни изговори.

Не паметиш лица, им ги мешаш имињата. Во телефонот ги имаш меморирано под некои чудни називи - Девојката од петокот, Плавушата 2... мизерно однесување колку сакаш. Детско и незрело, само што те стигнува подоцна, а тогаш е доцна за каење.

Таа се појави како и секоја друга, но остави неизбришлива трага. Кога денес случајно ќе се спомене нејзиното име се стреснувам и се обидувам да не се издадам, мислејќи дека ако замолчам сите околу мене ќе го слушнат срцето кое лудачки ми чука.

Ми даде внимание кои не го заслужував, ми подари љубов која одбивав да ја прифатам. Како мало разгалено дете кое го одбива подарокот кој толку многу го посакува. Ете така, од чисто инаетење и самоубедување дека има толку многу жени во светот, па зошто би се скрасил покрај една?

Навистина има. Има премногу жени, убави, забавни и паметни, но никоја не е како неа. Никоја не е ТАА.

Велат дека секој маж во животот има една девојка која не може да ја заборави, а во мојот случај тоа си ти.

Ти умееше да слушаш, додека сите сакаат да зборуваат само за себе. Ти се обидуваше да ме насмееш и кога бев неутешно нерасположен. Ти беше тука, а јас со главата во облаци.

Па така ти здосади да чекаш некого кој одбива да порасне. Одби да чекаш некого кој не сака да ги признае чувствата, некој кој е просто себичен.

Сите други имаат неодредени лица, очи и боја на косата, а што се однесува до тебе – замижувам и веќе си тука. Секоја твоја црта на лицето, начинот на кој се смееш и ја префрлаш косата од едната на другата страна. Твојот карактер, твоето трперливо срце, твојата дарежливост и грижата кон секое друго суштество кое не си ти.

Сега знам дека можев да те усреќам само доколку сакав. Само доколку се освестев малку порано од бунилото во кое тонев.

Ми недостигаш, секој ден, секоја недела и со секој изминат месец. Те барав, но залудно, ми рече дека сум ги потрошил сите шанси и веројатно е така.

Те молев и преколнував, а ти ми ја затвори вратата на истиот начин како што и јас ти ја затворив тебе.

Се обидувам да го дочекам денот кога конечно ќе те заборавам. Кога нема да бидеш веќе таа која ме прогонува. Денот кога ќе престанам да ги споредувам сите со тебе и да те барам во погледите на секоја нова девојка.

Безнадежно талкам со преполовено срце. Никогаш не го споделувам ова со никого, од срам поради мојата глупавост, од страв дека ќе ме осудат кога веќе јас доволно се казнувам секој ден.

Понекогаш одвај чекам да заспијам, за да не морам да го гледам твојот лик пред очиве. А тогаш, дури и во сонот, се прикрадуваш од нигде никаде и повторно си тука...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg