Не му се враќај, подобро ти е сама

Знам дека се обидуваш да бидеш силна. Но, кога после лажната насмевка пред пријателите сама ќе легнеш во креветот, не можеш да престанеш да мислиш на него.

Ne-vrakjaj-mu-se-podobro-ti-e-sama-01

Посакуваш работите помеѓу вас да не се искомплицираа до толку.

Се прашуваш како вашата љубов тргна во погрешна насока и како сè на крајот заврши така лошо.

Те разбирам дека те опкружуваат болката и самотијата.

Се загледуваш во мобилниот, им пишуваш пораки на другарките кои на крајот ги бришеш. На социјалните мрежи го следиш секое негово движење. Оптоварена си со сè што има врска со него и тоа те убива.

Тој веќе не е момчето во кое си се заљубила, не знаеш кога се сменил, но очајно го сакаш назад. Сакаш сè да биде како порано.

Сакаш да увиди како неговото однесување е погрешно, но тоа нема да се случи. Тој бара некого на кој ќе може да ја префрли вината, некоj на кој ќе може да ја исфрли својата лутина и проблеми.

За жал, ти не си таа личност. Ти не си коренот на неговите проблеми – тој е. Премногу е тврдоглав за да признае дека не е во право и не сака да се извини.

Момче како него не заслужува девојка како тебе. Сеедно, ти падна на него. Некогаш беше нежен и сладок, се грижеше за тебе.

Еден ден едноставно престана. Без предупредување. Ти сфати дека повеќе не му е важно. Врската стана еднострана.

Ти се обиде да се промениш и да го поправиш она што е скршено. Нему не му било важно и не се ни потрудил. Не ти покажа дека му значиш.

Понекогаш ќе ја покаже својата слатка страна и ти пак паѓаш на него. Тоа те потсетува на старите времиња. Му се враќаш и се надеваш дека сè ќе биде добро. Додека не почне да те понижува.

И повторно те оставa повредена, збунета, скршена и не му е гајле за тоа. Но, секогаш му се враќаш, бидејќи тој ти е слабост.

Овојпат не можеш да се вратиш. Опасно е и не e здраво.

Знаеш дека не те заслужува. Знаеш дека заслужуваш некој на кој ќе му бидеш важна. Фактот дека ќе продолжиш без него е застрашувачки, но мораш да се соочиш со него.

Не враќај му се, убавице. Многу ти е подобро без него. Похрабра си, посреќна и имаш поголема самодоверба кога си сама.

Не враќај се два чекори назад откако ќе направиш еден напред. Остави го засекогаш. Знам дека лесно е да се каже, но ти го можеш тоа.

Не те заслужува – не му се враќај повеќе. Ова мора да биде крај на маѓепсаниот и токсичен круг.

Ти го можеш тоа.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Ќе ме сакаш ли и кога ќе бидам неслатка торта, на која ѝ поминува рокот на траење? Ќе ме сакаш ли и кога филтерот на години ќе ги донесе трагите на сè што сум мисл...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg