Дури и еден здив може да промени сè...

Понеделник, 8 часот, некое тмурно понеделничко расположение, на таблата стои наслов „Теорија на хаосот“, а во моите мисли поголем хаос од оној кој се случува во презентацијата.

Dali-zamavot-na-krilata-na-peperutkata-vo-brazil-moze-da-predizvika-tornado-vonjujork-02

Си мислам дали ние луѓето обожаваме да живееме во хаосот кој најчесто го креираме самите, а потоа да жалиме за големите промени од она што ни делува неважно.

На слајдот стои, дали навистина замавот на крилјата на пеперутката во Бразил може да предизвика торнадо во Њујорк? И си мислам во главата дали секој наш збор може да го промени текот на нашето постоење.

Дали нашата интеракција со луѓето, начинот на кој се претставуваме себеси, нашите пцовки и бели лаги кои ги кажуваме секојдневно можат да ни го одведат животот во правец во кој што не ни замислуваме, а во моментот изгледаат сосема неважни?

Исто како замавот на крилјата на пеперутката.

Толку ситен, толку незначаен, а причина за подоцнежни дејства кои ќе променат нечиј живот засекогаш.

Дали тоа се отсликуваше на нас на истиот начин на кој што се отсликуваше на нелинеарните системи? Дали тие мали, ситни, секојдневни работи кои ние воопшто не ги гледавме го градеа нашиот автопат по кој ние чекоревме несвесни дека сами креираме сè? Сончеви денови, бури, солзи, тага и насмевки, радост или болка.

Иако изгледаше случајно, иако изгледаше целосно неорганизирано, хаотично, според теоријата на хаосот се имаше своја смисла.

Секое чувство и градацијата на истите, сите луѓе и секој контакт со нив. Сите приказни и случки и начинот на кој што ние ги восприемаме и реагираме, дали ја пушиме цигарата до крај и дали со сламката ги шмукаме последните капки сок.

Дали сме гласни кога сите молчат, дали плачеме повеќе или помалку, дали спиеме доволно, дали за појадок јадеме вртена со месо или јаболко, дали вечераме похуван стек или салата? Дали се пијаниме секој викенд?

Сите тие прашинки во воздухот и сите тие ситници во нашето секојдневие кои изгледаа смешни за да бидат земени во обѕир, се вклопуваа во она што луѓето често го нарекуваа судбина, а јас често тврдев дека тоа не постои и дека ние се си кроиме сами, што се совпаѓаше со хаосот.

Сè она што изгледаше неважно стануваше фундаментално (за нашето постоење), бидејќи кога ќе се види поголемата слика на хаосот, сите тие движења низ животот, иако навидум случајни, добиваа смисла. Креирајќи нешто што ги тера очите да зјапаат.

Целата таа траекторија креирана од нашите несекојдневни трапавости, која го креираше нашиот живот, беше една совршеност, хаос во кој без да знае секој од нас уживаше, несвесен дека дури и еден здив може да промени сè.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg